Bosch PPS 7S Mode D'emploi page 307

Masquer les pouces Voir aussi pour PPS 7S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 307 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре
граничниците или другите делови на уредот.
Доколку листот на пилата се закачи на делови на уредот
постои опасност на повратен удар и при тоа
електричниот алат може значително да се оштети.
 Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
 Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен процеп,
предизвикуваат зголемено триење и заглавување на
листот на пилата или повратен удар.
 Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
 Не користете листови за пила од високо легиран
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
 Никогаш не го користете алатот без плоча за
вметнување. Променете ја дефектната плоча за
вметнување. Доколку плочата за вметнување не е
беспрекорна, може да се повредите на листот на пилата.
 Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
 Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
Bosch Power Tools
 Не употребувајте оптички инструменти за собирање
како двоглед итн. за наблудување на изворот на
зрачење. Со тоа можете да ги оштетите вашите очи.
 Не го насочувајте го ласерскиот зрак кон лица, кои
гледаат преку двоглед или слично. Со тоа можете да
ги оштетите нивните очи.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
Можностите за поставка опишани во ова упатство за
употреба може да се користат без опасност.
 Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг
тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на
овој електричен апарат, може да настанат повреди на
лицата.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Електричниот апарат не го користете доколку кабелот
е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го
влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се
оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го
зголемува ризикот за електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
 Ласерско зрачење
Не посматрајте директно со
оптички инструменти
Класа на ласер 1M
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
 Не ставајте ништо на
електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди,
доколку електричниот апарат се
преврти или доколку случајно
дојдете во контакт со листот за
пилата.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
Македонски | 307
1 609 92A 0VR | (6.11.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières