Bosch PPS 7S Mode D'emploi page 306

Masquer les pouces Voir aussi pour PPS 7S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 306 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
306 | Македонски
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни упатства за столни пили со
лизгачка функција
 Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 2).
EN 60825-1:07
<0.39mW, 650 nm
Laser radiation
Do not view directly
with optical instruments
Class 1M laser product
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
1 609 92A 0VR | (6.11.14)
 Проверете дали заштитната хауба може правилно
да функционира и дали може слободно да се движи.
Секогаш поставувајте ја заштитната хауба на таков
начин што при сечењето опуштено ќе налегнува на
делот што се обработува. Никогаш не ја блокирајте
заштитната хауба во отворена состојба.
 Не посегнувајте со дланките во полето на сечење,
додека работи електричниот уред. Доколку дојдете во
контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
 Не посегајте никогаш зад листот за пила, за да го
држите делот што се обработува, за да ги отстраните
дрвените струготини или од други причини. Притоа,
растојанието од вашата дланка до ротирачкиот лист на
пила е премало.
 Употреба како столна пила со лизгачка функција:
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот
за пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се
обработува.
 Зацврстете го парчето што се обработува.
Доколку го зацврстите со уред за затегнување или
менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи
поцврсто отколку со Вашата рака.
 Употреба како столна кружна пила:
Водете го предметот за обработка само кога се врти
листот на пилата. Инаку постои опасност од повратен
удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што
се обработува.
 Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.
 Користете го електричниот уред само доколку на
работната површина до делот што се обработува
нема алати за подесување, дрвени струготини итн.
Малите дрвени парчиња или другите предмети, кои
доаѓаат во контакт со ротирачкиот лист на пила, може
да летнат кон корисникот со голема брзина.
 Користете го електричниот апарат само за мате-
ријали, кои се соодветно наменети за таа употреба.
Инаку електричниот апарат може да се преоптовари.
 Секогаш сечете само еден дел. Доколку деловите
што се обработуваат ги поставите еден врз друг или
еден до друг, може да се блокира листот на пилата или
за време на сечењето да се поместат еден од друг.
 Употребете го секогаш универзалниот граничник.
Ова ја подобрува прецизноста при сечење и ја
намалува можноста да се заглави листот на пилата.
 Користете го електричниот апарат за правење
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба).
 Не го користете електричниот апарат за правење
процепи (жлебови во делот што се обработува).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières