Bosch PPS 7S Mode D'emploi page 313

Masquer les pouces Voir aussi pour PPS 7S:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
OBJ_BUCH-1259-004.book Page 313 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
Чистење на долниот поклопец на листот за пилата
(види слика I)
За отстранување на деловите на предметот за
обработување и струготините можете да отворите еден
поклопец за чистење 55 во долната покривка на листот на
пилата 54.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Отстранете го продолжетокот на столот 27 и
универзалниот граничник 1.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Отстранете ја подната плоча 39.
– Отворете го поклопецот за чистење 55 на долната
покривка на листот на пилата 54 и отстранете ги
деловите на предметот за обработка и струготините.
– Затворете го поклопецот за цистење и повторно
зацврстете ја подната плоча.
– Ставете го електричниот алат на работна позиција и
повторно монтирајте ги сите монтажни делови.
Надворешно вшмукување (види слика H)
– Приклучете го цревото на вшмукувачот за прав на
исфрлувачот на струготини 10 .
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата
(види ги сликите J1– J4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
За материјалот, кој што сакате да го обработите, изберете
го соодветниот лист на пилата.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Вадење на листот од пилата
– Отстранете ја заштитната хауба 3 и ласерската единица
41 од клинот за расцепување 4.
– Олабавете ги завртките на плочата за вметнување 5 со
инбус клучот 13 и подигнете ја плочата за вметнување
од столот на пилата.
– Свртете ја курблата 18 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
28 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
Bosch Power Tools
– Поставете го еден вертикален агол на закосување на
листот на пилата од 45°. (види „Подесување на
вертикалниот агол на закосување", страна 314)
– Свртете го инбус шрафот 57 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 13 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 56 додека не се
вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 56 и
одвртете го шрафот 57 во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Извадете ја надворешната прирабница за затегнување
58.
– Извадете го листот за пилата 28.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 59.
Напомена: Не користете премали листови за пила.
Процепот помеѓу листот за пилата и клинот за
расцепување смее да изнесува максимум 5 mm.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ја надворешната прирабница за затегнување
58 и завртката 57.
Притиснете ја блокадата на вретеното 56 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец на стрелките
на часовникот.
– Зацврстете ја плочата за вметнување 5 повторно во
столот на пилата.
– Монтирајте ја ласерската единица 41 и заштитната
хауба 3 повторно на клинот за расцепување 4. (види
„Монтирање на ласерската единица и заштитната
хауба", страна 311)
– Контролирајте, дали линијата за сечење на листот на
пилата се прикажува правилно преку ласерскиот зрак
(види „Подесување на ласерот", страна 311).
Ласерскиот зрак при монтажата на ласерската единица
41 и заштитната хауба 3 може да погрешно да се
прилагоди.
Македонски | 313
1 609 92A 0VR | (6.11.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières