Bosch EXAConnecT II + Notice Originale page 325

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-816-001.book Page 325 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
Сигналните сијалички, на кои им е потребна вкупна јачина
помала од 10 W, може да се приклучат директно на
базната станица.
Инаку на сигналните сијалички им е потребно сопствено
напојување со енергија.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 320).
– Олабавете ја контра навртката 12 на средната десна
кабелска уводница 11 и извлечете го кабелот на
сигналните сијалички низ отворот на кабелската
уводница кон „OUT+"-терминалите на терминалниот
блок.
24-V излез е поставен со оптички изолатори без
потенцијал за 24-V сигнали. Може да се приклучат до 3 A.
– Приклучете ги 4 жици на сигналните сијалички на
„OUT+"-терминалите.
Се препорачува следната конфигурација:
Терминал
Опис
OUT1+
Сигнализира дека „одвртувачот е
активиран" на пр. за жолтата сигнална
сијаличка 43 на излезот „OUT1".
OUT2+
Сигнализира точно поединечно
зашрафување (поединечен резултат во
ред) на пр. за зелена сигнална сијаличка 45
на излез „OUT2".
OUT3+
Сигнализира погрешно поединечно
зашрафување (поединечниот резултат не е
во ред) или погрешна серија на
зашрафувања (вкупниот резултат не е во
ред) на пр. за црвена сигнална сијаличка 46
на излез„OUT3".
Времетраењето на сигналот може да се
конфигурира во прозорецот Screwdriver
Setup, табулатор Output Settings.
OUT4+
Сигнализира точна серија на зашрафувања
(вкупен резултат в.р.) на пр. за сина
сигнална сијаличка 44 на излез „OUT4".
Времетраењето на сигналот може да се
конфигурира во прозорецот Screwdriver
Setup, табулатор Output Settings.
Сигналот се гаси автоматски, штом почне
следното поединечно зашрафување или
следната серија на зашрафувања.
– Извлечете ги 4-те жици на сигналните сијалички кон
надворешно напојување со енергија 47 и од него кон
соодветните „24 V+"-терминали на „24 V–"-излез.
– По приклучувањето, повторно цврсто зашрафете го
поклопецот за одржување 8 со двата шрафа со крстест
жлеб 2 на базната станица.
– Потоа повторно затегнете ја контра навртката 12 на
средната десна кабелска уводница 11.
– Конфигурирајте ги сигналните сијалички како
стандардна SPS.
Bosch Power Tools
SPS-приклучок
Базната станица поседува 4 вградени 24-V-влезови и
излези, кои може различно да се конфигурираат со помош
на софтверот.
Ве молиме внимавајте, 24-V-влезови „IN n" и 24-V-излези
„OUT n" да служат само како елементи за приклучување,
што се поставени без потенцијал со оптички изолатори за
24-V-сигнали. Може да се приклучат до 3 A . Потребно е
надворешно напојување со струја за приклучните
функции на SPS.
– Од базната станица без напон, извадете го поклопецот
за одржување 8, така што ќе ги отшрафите долните два
шрафови со крстест жлеб 2 (види слика A).
На овој начин ќе дојдете до терминалниот блок 18 (види
слика B).
– Олабавете ја контра навртката 12 на една од средните
кабелски уводници 11 и извлечете го кабелот од SPS
низ отворот на кабелската уводница кон 24-V-влез или
24-V-излез , во зависност од приклучувањето, според
наведените примери.
Пример 1: 2 одвртувачи со различни сигнали
(в.р./н.в.р.) или 4 одвртувачи со постојан сигнал (в.р.)
– Извлечете го кабелот од позитивниот 24-V-излез на SPS
или кон „OUT1+"- или „OUT4+"-терминалот на 24-V-
излезот на базната станица и поврзете го во серии над
„OUT+"-терминалите.
– Од секој „OUT–"-терминал извлечете еден кабел кон
позитивниот влез на SPS и назад.
Сега базната станица може да пушта сигнали за два
отвртувачи со различни сигнали кон SPS на следниот
начин:
– „OUT1–" од одвртувачот 0 го јавува сигналот в.р.
– „OUT2–" од одвртувачот 0 го јавува сигналот н.в.р.
– „OUT3–" од одвртувачот 1 го јавува сигналот в.р.
– „OUT4–" од одвртувачот 1 го јавува сигналот н.в.р.
Кај 4 одвртувачи со еднакви сигнали, доколку на пр. треба
да се регистрираат само успешните зашрафување,
преносот изгледа вака:
– „OUT1–" од одвртувачот 0 го јавува сигналот в.р.
– „OUT2–" од одвртувачот 1 го јавува сигналот в.р.
– „OUT3–" од одвртувачот 2 го јавува сигналот в.р.
– „OUT4–" од одвртувачот 3 го јавува сигналот в.р.
Пример 2: 2 одвртувачи со различни сигнали (в.р. и
н.в.р) се активираат и од SPS
– Извлечете два кабли од позитивните 24-V-излези на
SPS кон „IN1+"- и „IN2+"-терминалот на 24-V-влезот на
базната станица.
– Извлечете по еден кабел од „IN1–"-терминалот и
„IN2–"-терминалот кон негативниот влез на SPS.
SPS може да го активира на пр. одвртувачот 0 со сигнал
кон „IN1+"-терминалот на базната станица.
Македонски | 325
3 609 929 C48 | (30.10.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières