Bosch EXAConnecT II + Notice Originale page 320

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-816-001.book Page 320 Wednesday, October 30, 2013 2:06 PM
320 | Македонски
Монтажа
Работна околина и складирање
Базната станица како и I/O-модулот е исклучиво наменет
за комерцијална употреба во затворени места на примена.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура
треба да биде меѓу 5°C и 70 °C (41 °F и 158 °F), во
границите на релативна влажност на воздухот меѓу 20 и
90 % без кондензација.
Системски предуслови
Базната станица EXAConnecT како и I/O-модулот се
испорачуваат без кабел и пред да се стават во употреба,
мора да стручно да се поврзат.
За проверка на податоци, потребен ви е дополнителен PC
со следниот софтвер:
– Оперативен систем Microsoft Windows XP, Vista, 7 или
8 (32 и 64 бита)
– актуелен веб-пребарувач, кој поддржува Java Runtime
Environment (JRE) од верзија 1.4
– Java Runtime Environment (JRE) од верзија 1.4
Приклучоци на базната станица
Конфигурацијата на Вашиот PC/систем не е објаснета во
ова упатство за употреба. За приклучување на на пр.
копчето за ослободување или скенерот на бар-кодот ќе
добиете само напомени кои се однесуваат на базната
станица.
Приклучување (види слика A)
Приклучувањето на базната станица
EXAConnecT и надворешните уреди
смеат да се изведуваат само од страна
на школуван електричен/информатички техничар,
поради комплексноста. Инаку безбедноста на лицето
што ги користи и заштитата на уредите не е
загаранатирана.
 ОПАСНОСТ! Внимавајте на тоа, базната станица и
I/O-модулот да не се приклучени на напојување со
струја, пред да ги отворите. Базната станица мора
целосно да биде без напон, инаку постои опасност од
електричен удар.
Под поклопецот за одржување 8 се наоѓа терминалниот
блок 18 за приклучување на надворешен модул.
На располагање ви стојат следните приклучоци:
– Мрежен приклучок (етернет) „100MB"
– Сериски интерфејс „RS422" (COM1)
– Сериски интерфејс „RS422" (COM2)
– Сериски интерфејс „RS422" (COM3)
– 24-V-влез „INPUT" (4 парчиња)
– 24-V-излез „OUTPUT" (4 парчиња)
– Излез на истосмерна струја „PW"
3 609 929 C48 | (30.10.13)
Под сервисниот поклопец 7 се наоѓаат два DIP-
прекинувачи 16:
Прекинувач Опис
1
ON
IP-адреса во поставка EXAConnecT
Фабричка поставка: 10.10.10.10
1
OFF
фиксна IP-адреса: 10.10.10.10
2
Моментално не е зафатена.
– Од базната станица без напон, извадете го поклопецот
за одржување 8, така што ќе ги олабавите долните два
шрафови со крстест жлеб 2.
– Од базната станица без напон, извадете го сервисниот
поклопец 7, така што ќе ги олабавите долните два
шрафови со крстест жлеб 2.
– Откако ќе завршите со приклучувањето, повторно
зашрафете го поклопецот за одржување 8 или
сервисниот поклопец 7 со шрафовите со крстест жлеб
2 на куќиштето на базната станица.
При монтажата на поклопецот за одржување, одн.
сервисниот поклопец, внимавајте на тоа, дихтунг-
прстенот 36 точно да легне во вдлабнатината, инаку
базната станица нема да биде отпорна на прав и влага.
Приклучок на кабелот на терминален блок
Отворите за спроведување кабел се соодветни за кабел со
дијаметар од 5 –10 мм.
 Внимавајте на тоа, каблите да се точно поставени во
отворот и да не се оштетени дихтунзите. Инаку видот
на заштита IP 54 не е загарантиран.
– Точно зашрафете го кабелот на надворешниот модул и
затегнете ги шрафовите со 1,3 Nm.
Прицврстување на ѕид (види слика B)
За прицврстување на ѕид, потребни ви се два шрафа со
крстест жлеб 22 (M4 x 20; дијаметар на главата 8 мм).
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 320).
– Вметнете ги шрафовите со крстест жлеб 22 во отворите
9 на левиот и десниот долен раб на базната станица и
зашрафете ги на ѕидот.
– Повторно прицврстете го поклопецот за одржување 8.
Приклучок на базната станица со напојувањето
со енергија (види слика C)
Напонот и фреквенцијата на изворот на струја мора да
одговараат на податоците со спецификационата плочка на
базната станица.
За да ја приклучите базната станица на напојување со
струја, потребен ви е заземјен струен кабел со 3 жици
(тип: бакарна жица, мин. 3 x 0,75 мм
Струјниот кабел мора да има приклучок со заштитни
контакти и да одговара на барањата на земјата и на
клиентите.
– Извадете го поклопецот за одржување 8 (види
„Приклучување", страна 320).
2
).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières