Télécharger Imprimer la page

Bosch GTS 254 Professional Notice Originale page 309

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
Сечење со хоризонтален агол на закосување (види
слика H)
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување на аголниот граничник (3).
– Поставете го делот за обработка на профилната
шина (50).
Профилот не смее да се наоѓа во линијата на сечење.
Во ваков случај олабавете ги пеперутка-
навртките (51) и поместете ја профилната шина.
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со
курблата (17) додека горните запци на сечилото за
пила (28) не се најдат околу 3 − 6 mm над делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го делот што се обработува со едната рака
на профилната шина (50) и со другата рака полека
притиснете го аголниот граничник на копчето за
фиксирање (60) нанапред во водечкиот жлеб (3).
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.Олабавете ги завртките со внатрешна
шестаголна глава.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на вертикалните граничници за
стандарден агол на закосување 0°/45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Поставете еден вертикален агол на закосување на
сечилото за пила од 0°.
Проверка (види слика I1)
– Поставете го аголното мерило на 90° и ставете го на
масата за сечење (4).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (28).
Подесување (види слика I2)
– Олабавете ја завртката (64). На тој начин ќе може да
се помести 0°-граничникот (24).
– Олабавете го лостот за блокада (16).
– Поместувајте го рачното тркало (18) кон 0°-
граничникот, додека кракот на аголното мерило не
биде рамен по целата должина на сечилото за пила.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (16).
– Повторно затегнете ја завртката (64).
Доколку по подесувањето агломерот (59) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (23), олабавете ја завртката
Bosch Power Tools
(65) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Повторете ги горенаведените работни чекори соодветно
за вертикален агол на закосување од 45° (олабавете ја
завртката (66); поместете го 45°-граничникот (22)).
Притоа агломерот (59) не смее повторно да се
поместува.
Паралелност на сечилото за пила со водечките
жлебови на аголниот граничник (види слика J)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Проверка
– Со молив означете го првиот лев забец на пилата,
којшто може да се види одзади над додатокот за маса.
– Поставете го аголното мерило на 90° и наместете го на
работ на водечкиот жлеб (5).
– Поместувајте го кракот на аголното мерило додека не
ги допре означените запци на пилата и прочитајте го
растојанието помеѓу сечилото за пила и водечкиот
жлеб.
– Вртете го сечилото за пила додека означениот забец
не застане однапред над додатокот за маса.
– Поместувајте го аголното мерило по должина на
водечкиот жлеб до означениот забец на пилата.
– Повторно измерете го растојанието меѓу сечилото за
пила и водечкиот жлеб.
Двете измерени растојанија мора да бидат идентични.
Подесување
– Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна
глава (67) напред под масата за сечење и завртките со
внатрешна шестаголна глава (68) назад под масата за
сечење со помош на клуч со внатрешна шестаголна
глава.
– Внимателно движете го сечилото за пила додека не
дојде паралелно со водечкиот жлеб (5).
– Повторно затегнете ги сите завртки (67) и (68).
Подесување на показателот на растојание на масата
за сечење (види слика K)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (62) не покаже на долната
скала 28 cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (43) надолу.
– Повлечете ја затезната рачка (20) целосно нагоре и
извлечете го проширувањето на масата за
сечење (10) нанадвор до крај.
Проверка
Показателот на растојание (63) на скалата (2) мора да
покажува идентична вредност како ознаката на
лупата (62) на скалата (1).
Подесување
– Повлечете го проширувањето на масата за сечење
(10) нанадвор до крај.
Македонски | 309
1 609 92A 72F | (13.10.2021)

Publicité

loading