Télécharger Imprimer la page

Bosch GTS 254 Professional Notice Originale page 304

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
304 | Македонски
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за
пила (28)
– Сет за прицврстување „Електричен алат" (39) (8
завртки за прицврстување, 8 подлошки)
– Подножје (14)
– Сет за прицврстување „Подножје" (37) (16 завртки за
прицврстување, 16 подлошки, 16 прстени за
зацврстување, 16 навртки)
– Заштита од превртување (13)
– Сет за прицврстување „Заштита од превртување" (38)
(4 завртки за прицврстување, 8 подлошки, 4 прстени
за зацврстување, 4 навртки)
– Аголен граничник (3)
– Профилна шина (50)
– Пеперутка-навртка „Профилна шина" (51)
– Паралелен граничник (9)
– Дополнителен паралелен граничник (47)
– Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен
граничник" (48) (2 завртки за прицврстување, 2
пеперутка-навртки)
– Клин за расцепување (27) со монтиран заштитен
поклопец (6)
– Неповратна блокада (7)
– Прстенест клуч (35)
– Кукаст клуч/вилушкаст клуч (36)
– Подвижна водечка летва (15)
– Додаток за маса (8)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
1 609 92A 72F | (13.10.2021)
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа со подножје и заштита од превртување
(види слики a1 − a3)
При монтажата користете ги сетовите за прицврстување
„Подножје" (37), „Заштита од превртување" (38) и
„Електричен алат" (39)
– Прицврстете го подножјето (14). Цврсто затегнете ги
завртките.
– Прицврстете ја заштитата од превртување (13) на
подножјето.
– Поставете го електричниот алат на подножјето така
што заштитата од превртување ќе покажува наназад.
– Прицврстете го електричниот алат на подножјето. За
оваа цел се предвидени страничните дупки (31) на
електричниот алат како и отворите на подножјето.
Монтажа без подножје (види слика b)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (32).
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под
блокот на моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: неповратна блокада (7), прстенест
клуч (35), кукаст клуч/вилушкаст клуч (36), аголен
граничник (3), паралелен граничник (9), дополнителен
паралелен граничник (47) со сет за прицврстување (48),
заштитен поклопец (6), подвижна водечка летва (15),
сечило за пила (28).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Монтирање на клинот за расцепување (види слики c)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Ев. извадете го додатокот за маса (8).
– Свртете ја курблата (17) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за
пила (28) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција
над масата за сечење.
– Олабавете ја болцната (40) со прстенестиот клуч (35).
– Вметнете го клинот за расцепување (27) и притиснете
го надолу до крај.
– Повторно затегнете ја болцната (40) со прстенестиот
клуч (35).
– Монтирајте го додатокот за маса (8).
Монтирање на додатокот за маса (види слика d)
– Закачете го додатокот за маса (8) во задните отвори
(41) на отворот за алатот.
– Притиснете го додатокот за маса надолу.
Bosch Power Tools

Publicité

loading