Télécharger Imprimer la page

Bosch GTS 254 Professional Notice Originale page 308

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
308 | Македонски
– За тоа олабавете ги сите пеперутка-навртки на сетот за
прицврстување (48) и соодветно вметнете го
дополнителниот паралелен граничник.
– Повторно затегнете ги пеперутка-навртките.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување (види слика F1)
– Преклопете го сигурносниот поклопец (19) нагоре.
– За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување (25).
– Оставете го сигурносниот поклопец (19) повторно да
падне надолу.
Исклучување (види слика F2)
– Притиснете на сигурносниот поклопец (19).
Заштита од преоптоварување
Електричниот алат е опремен со заштита од
преоптоварување. Правилната употреба не може да го
преоптовари електричниот алат. При прејако
оптоварување електрониката на електричниот алат се
исклучува.
Спроведете ги следните чекори пред повторно да
почнете да работите со електричниот алат:
– Оставете електричниот алат да се олади минимум
10 минути.
– Притиснете го копчето за одново стартување (26) и
потоа вклучете го електричниот алат.
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање
на електричниот алат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат,
одново притиснете на зеленото копче за вклучување
(25).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
Не го користете електричниот алат за правење
u
процепи (жлеб што завршува во делот што се
обработува).
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
1 609 92A 72F | (13.10.2021)
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Позиција на корисникот (види слика G)
Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
u
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– За тесни делови за обработка и за сечење на
вертикални агли на закосување секогаш користете ја
испорачаната подвижна водечка летва (15) и
дополнителниот паралелен граничник (47).
Максимални димензии на делот што се обработува
вертикален агол на
макс. висина на делот што
закосување
45°
Сечење
Сечење на прави резови
– Поставете го паралелниот граничник (9) на саканата
ширина на резот.
– Поставете го делот што се обработува на масата за
сечење пред заштитниот поклопец (6).
– Подигнете го или спуштете го сечилото за пила со
курблата (17) додека горните запци на сечилото за
пила (28) не се најдат околу 3−6 mm над делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
Ако извршите премногу притисок, шилците на
сечилото за пила може да се прегреат и да се нанесе
штета на делот што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
Сечење на вертикални агли на закосување
– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување
на сечилото за пила.
Кога сечилото за пилата е навалено налево,
паралелниот граничник (9) мора да биде од десната
страна на сечилото за пила.
– Следете ги работните чекори според: (види „Сечење
на прави резови", Страница 308)
се обработува [mm]
80
55
Bosch Power Tools

Publicité

loading