Milwaukee M18 JSRDAB+ Mode D'emploi page 60

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
ПРВИ ЧЕКОРИ
Кога радиото ќе се вклучи за прв пат, се наоѓа на радио модусот
DAB и атоматски ги бара станиците. Потоа следува подесување на
времето и радиото ја емитува програмата на првиот канал што го
нашло.
Кога нема сигнал за време,тогаш времето може да биде подесено
преку систем-менито.
РАДИО МОДУС DAB
Во радио модусот DAB радиото фаќа дигитални станици од типот
DAB/DAB+ и покажува информации за станицата и за тековната
програма/песна.
Пребарување на канали (МЕНИ -> автоматско пребарување)
• Од следните причини може да се покаже како неопходно, да
дојде до мануелно актуализирање на листата на станици:
• кога на располагање стојат нови станици;
• кога станиците отпаѓаат или не може да се фатат (неважечките
станици во листата на станици ќе бидат означени со прашалник
пред името на станицата)
• кога при првото пребарување приемот не бил добар (на пример
поради тоа што антената не била повлечена нагоре). Како
резултат на тоа може да дојде до празна или некомплетна листа
на радио станици;
• кога станиците се фаќаат лошо и кога преносот се прекинува. Во
тој случај листата може да биде подесена на начин што во
листата ќе бидат опфатени само радио станици со силен сигнал.
Отстрани (МЕНИ -> Отстрани)
Сите станици, кои во листата се означени со „?" пред називот на
станицата, ќе бидат отстранети.
Избирање на станици (< >)
Со копчињата со стрелки може да изберете веќе меморирани
станици. На дисплејот ќе се покаже новата станица.
Места за меморирање (PRESET)
Радиото располага со 5 места за меморирање за DAB.
Меморирање на станица на едно од местата за меморирање:
Да се држи притиснато копчето PRESEТ, сè додека на дисплејот
не се појави Preset Store [меморирајте го местото за меморирање].
Местата за меморирање (1–5) ќе се покажат или како празни или
со името на моментално меморираната станица. Да се користат
копчињата со стрелки < >, за да се избере место за меморирање и
потоа повторно да се притиснат за да се избере станицата која
моментално се слуша.
Откако ќе биде потврдено дека е меморирана станицата која
моментално се слуша, дисплејот ќе се врати на позицијата радио
дисплеј.
Повикување на меморирана радио станица:
Притиснете го кусо копчето PRESET (на дисплејот ќе се појави
Preset Recall [повикај го местото за меморирање]). Избери ја
саканата станица со копчињата со стрелки < > и потврди го
изборот со копчето ENTER.
Мануелно пребарување на канали (МЕНИ -> мануелно
пребарување)
Покрај автоматското пребарување, може и мануелно да побарате
одредена станица или фреквенција. Мануелното пребарување е
корисно за подесување на антената за оптимален прием или за
барање на одредена станица заради актуализирање на листата на
станици.
На дисплејот се покажува моменталната јачина на сигналот на
избраната фреквенција. Промената на позицијата на антената се
отчитува со промена на јачината на сигналот видлива на
дисплејот.
Напомена: Продолжениот правоаголник го покажува аудио
квалитетот – кога јачината на сигналот, прикажана со
правоаголници ќе падне под граничната вредност, се влошува и
аудио квалитетот.
Истовремено, радиото на дадената фреквенција бара други
DAB-станица и ја актуализира листата на станици со нови
118
МАКЕДОНСКИ
пронајдени станици. За да ги слушате новите станици, вратете се
до стартниот дисплеј и изберете ја посакуваната станица, како
вообичаено, од листата на станици.
Информации за актуелната програма
При слушање на радио станица се отчитуваат нејзиното име и
DLS- информациите (Dynamic Label Segment), кои ги пренесува
станицата, на пример името на програмата, песната што оди
моментално и контактните информации. Долгите DLS-податоци со
повеќе од16 знаци перманентно се отчитуваат на дисплејот.
DRC – Dynamic Range Compression (МЕНИ -> DRC)
Со помош на оваа функција се намалува разликата меѓу
најгласните и најтивките емитувани звуци. Всушност, тивките
звуци стануваат гласни, а гласните звуци звучат потивко.
Напомена: DRC е расположива, само ако функцијата е поддржана
од страна на радиската установа што ја емитува програмата
РАДИО МОДУС FM
Во радио модусот FM се емитуваат аналогни радио станици преку
ултра кратни бранови. На дисплејот се отчитуваат RDS-
информациите (Radio Data System) за радио станацата и
емисијата (доколку истите се пренесуваат од соодветната радиска
установа).
Пребарување на канали (МЕНИ -> Подесување на
пребарувањето)
Пребарувањето на станици ќе прекине, веднаш штом биде
пронајден сигнал. Радиото може да биде подесено, така што ќе
застане на секоја станица или само да избира станици со јак
сигнал.
Избирање на станици (< >)
При првиот избор на модусот FM, радиото е подесено на
најниската фреквенција од FM појасот.
Со копчињата со стрелки може да ги прескокнувате веќе
пронајдените радио станици. На дисплејот се отчитуваат податоци
за моментално подесената станица.
Места за меморирање (PRESET)
Радиото располага со 5 места за меморирање на FM-радио
станици, кои функционираат исто како и местата за меморирање
на DAB-радио станици (види горе).
Информации за актуелната програма
При слушање на FM радио станица на дисплејот се отчитува
фреквенцијата. Доколку се расположиви RDS-податоци, тогаш ќе
се отчитаат и податоци за името на радио станицата како и други
‚радио текст' податоци. Ако не се расположиви такви податоци,
тогаш се отчитува само фреквенцијата и информацијата ‚нема
радио текст'.
Подесување на пребарување (МЕНИ -> Подесување на
пребарување)
Доколку е стандарно подесен, пребарувачот на FM- станици ќе
застане на секоја расположива станица (сите станици). Тоа може
да доведе до тоа, станиците со слаб сигнал да се слушаат лошо.
За подобар радио квалитет треба да се избере сетингот ‚само јаки
станици'
Аудио подесувања (МЕНИ -> аудио подесувања)
Стерео радио станиците начелно се емитуваат во стерео. Кај
станиците со слаб сигнал тоа може да доведе до лош аудио
квалитет. Во таков случај, квалитетот може да се подобри со
користење на опцијата Mono.
МОДУС AUX IN
Во модусот Aux In се емитува аудио од екстерен извор, како на
пр. од MP3-плеер.
Информации за актуелната програма
Во модусот AUX IN на дисплејот се отчитуваат Auxiliary Input и
состојбата на полнењето.
СИСТЕМСКО ПОДЕСУВАЊЕ
Со помош на системското подесување, со низа опции кои ви стојат
на располагање, може да го подесите радиото на Вашите
сопствени потреби (види и поглавје ПОДЕСУВАЊЕ).
Аудио аутпут
Овозможува директен аудио аутпут преку вградените звучници
или преку SPDIF-портот (SPDIF) на задната страна од уредот.
Еквилајзер
Покрај цела низа од претходни подесувања (Нормална/класика/
џез/поп/рок/говор), на располагање стои и опцијата Мој EQ, со која
може да ги извршите Вашите Equaliser-подесувања.
Време
Датумот и времето може да се подесат мануелно или автоматски.
Кај автоматското подестување датумот и времето ќе бидат
синхронизирани со националните сигнали, пренесени преку DAB и
ултра кратки бранови (доколку се застапени). Форматот на
датумот и времето може да ги подесите според сопстените желби.
Позадинско осветлување
Позадинското осветлување на радиото може да се подеси на три
различни јачини. Исто така, и времето на исклучување може да се
избере (значи време изразено во секунди, кога дисплејот
преминува во пригушен модус).
Стендбај функција по неактивност
Може да се подеси времето во кое радиото преминува во стендбај
модус.
Јазик
На дисплејот може да се очитуваат пораки на различни јазици.
Фабрички подесувања
Со враќање на фабричките подесување се бришат сите
понатамошни подесување и истите се заменуваат со
стандардните подесувања. Со тоа се губат датумот/времето,
личните подесувања, DAB-листата на радио станици и сите
меморирани станици.
Апдејт на софтвер
Одвреме-навреме Milwaukee на располагање става апдејти на
софтвер, со цел да се коригираат грешкити или да се додадат
дополнителни функции.
ВНИМАНИЕ:
Пред апдејтувањето на софтверот треба да се осигурате, дали
радиото е приклучено на електрична мрежа. Прекинувањето на
напојување со електрична енергија за време на апдејтувањето на
софтверот може да доведе до трајно оштетување на радиото.
Процес на апдејтување на софтверот
1. Софтверот од веб-страницата на Milwaukee симнете го на PC.
2. Поврзете го радиото со PC-то со помош на USB-кабел.
3. На PC-то стартувајте ја програмата за апдејтување на
софтверот.
4. Селектирајте го апдејтот од системското мени и потоа
потврдете го со ‚да'.
5. Следете ги упатствата на екранот.
Верзија на софтвер
Дисплеј на актуелната верзија на софтверот
ОДРЖУВАЊЕ
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да се замени
исклучиво во специјализираните продавници препорачани од
производителот, бидејки се потребни алати специјално за таа
намена.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на
машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај
локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не ги фрлајте електричните апарати заедно со
другиот домашен отпад! Европска регулатива
2002/96/EC за одлагање на електична и
електронска опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните апарати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат одвоено собрани и вратени во
соодветна рециклажна установа.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од основната
изолација туку и од тоа дали ќе се применат
дополнителните заштитни мерки како што се
двоструките изолации или појачаната
изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на
некој заштитен вод.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не го горете искористениот батерискиот сколоп.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги со
нови.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
119

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières