Делумна Проекција (Види Слика C); Автоматика За Нивелирање; Преглед; Промени Во Положбата - Bosch GRL 600 CHV Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 53
уред и приказот за статус (12) трепка
црвено.
Ако ласерскиот зрак може да се израмни со средишната
линија на ласерскиот приемник, режимот на централната
линија автоматски се завршува и пронајдената косина се
прикажува на почетниот екран.
Ако ласерскиот зрак не може да се израмни
со средишната линија на ласерскиот
приемник, на екранот се појавува порака за
грешка. Проверете ја позицијата на мерниот
уред и ласерскиот приемник пред
рестартирањето на функцијата.
Делумна проекција (види слика C)
Во ротациониот режим можете да го исклучите
варијабилниот ласерски зрак (8) за еден или повеќе
квадранти на ротационото ниво. Ова овозможува да се
ограничи изложеноста на ласерското зрачење на
одредени области. Покрај тоа, може да се избегне
дефектот на други уреди со ласерски зрак или дефектот
на ласерски приемник со несакани рефлексии.
Исклучувањето на одделни квадранти може да се
контролира само со помош на Bosch Levelling Remote
App. Квадрантите во кои е видлив ласерскиот зрак, се
препознаваат во приказот за режим на работа на
ласерот (a) на почетниот екран.
Автоматика за нивелирање
Преглед
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање
од околу ±8,5 % (±5°).
За време на нивелирањето на екранот
трепка ознаката за нивелирање.
Истовремено трепкаат зелено приказот за
статус (12) на мерниот уред како и
приказот за статус на соодветната
оска ((35) одн. (34)) на далечинскиот
управувач.
До завршувањето на нивелирањето ротацијата запира и
ласерските зраци трепкаат. По успешно завршување на
нивелирањето се појавува почетниот екран. Ласерските
зраци светат постојано и ротацијата започнува. Постојано
светат зелено приказот за статус (12) на мерниот уред
како и приказот за статус на нивелираната оска ((35) одн.
(34)) на далечинскиот управувач.
Ако мерниот уред стои повеќе од
8,5 % косо или е поставен
поинаку од хоризонтална или
вертикална положба,
нивелирањето не е повеќе можно.
На екранот се појавува порака за
грешка и приказот за статус (12)
трепка црвено.
Bosch Power Tools
Одново позиционирајте го мерниот уред и почекајте за
нивелирање.
Ако се надмине максималното
време за нивелирање,
нивелирањето се прекинува со
порака за грешка.
Одново позиционирајте го мерниот уред и кратко
притиснете на копчето за вклучување/исклучување (11),
за нивелирањето повторно да стартува.
Промени во положбата
Доколку мерниот уред е изнивелиран, постојано се
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање.
Минимални промени во положбата се израмнуваат без
прекин на работата. Потресите на подлогата или
временските услови се компензираат автоматски.
При големи промени во положбата за избегнување на
погрешни мерења за време на процесот на нивелирање,
ротацијата на ласерскиот зрак запира и ласерските зраци
трепкаат. На екранот се појавува ознаката за
нивелирање. Доколку е потребно, се активира
функцијата за предупредување за удар.
Мерниот уред самостојно ја препознава хоризонталната
одн. вертикалната положба. За менување меѓу
хоризонтална и вертикална положба исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
Ако положбата се промени без
исклучување/вклучување, се појавува
порака за грешка и приказот за статус (12)
трепка црвено со брзо темпо. Кратко
притиснете на копчето за вклучување/
исклучување (11), за нивелирањето
повторно да стартува.
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар.
При промени на положбата одн. потреси на мерниот уред
или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето во променета позиција и со тоа и грешките
поради поместување на уредот.
Активирање на предупредувањето за удар:
Функцијата за предупредување за удар се
вклучува стандардно. Ќе се активира за
околу 30 s по вклучувањето на мерниот
уред.
За време на активирањето на екранот
трепка приказот за функцијата за
предупредување за удар (c). По
активирањето приказот постојано свети.
Македонски | 515
1 609 92A 55C | (05.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl rc 6 professional

Table des Matières