Ротационен Режим; Линиски Режим/Точкаст Режим; Функции; Вртење На Ротационото Ниво Во Вертикална Положба - Bosch GRL 600 CHV Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 53
514 | Македонски
Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба
со ласерскиот приемник (42).
Ротационен режим
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во
ротационен режим со стандардна брзина на ротација.
–1
(300 min
).
За менување од линиски во ротационен режим,
притиснете го копчето за ротационен режим (6) или
копчето за ротационен режим (27) на далечинскиот
управувач.
За промена на брзината на ротација,
притискајте го постојано копчето за
ротационен режим (6) или копчето за
ротационен режим (27) на далечинскиот
управувач, додека не се појави саканата
брзина на екранот.
На почетниот екран се препознава поставената брзина на
приказот за брзината на ротација (h).
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете
најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски
приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра
видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски
очила (52).
Линиски режим/точкаст режим
За промена во линиски режим одн. точкаст режим,
притиснете го копчето за линиски режим (5) или копчето
за линиски режим (29) на далечинскиот управувач.
За промена на аголот на отворање
притискајте го постојано копчето за
линиски режим (5) или копчето за
линиски режим (29) на далечинскиот
управувач, додека на екранот не се појави
саканиот режим на работа. Аголот на
отворање при секое притискање се
намалува по степени, додека не се
постигне точкаст режим. Дополнително
притискање на копчето за линиски режим
води преку ротациониот режим со средна
брзина назад до линискиот режим.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може
да излезе малку над крајните точки на ласерската линија.
Функции
Линија/точка вртете ја во ротационото ниво
Кај линискиот режим и точкаст режим, може да ја
позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка
во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за
360°.
За вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот притиснете го копчето (4) на мерниот уред
или копчето за вртење во правец спротивен на стрелките
на часовникот (30) на далечинскиот управувач.
За вртењево правец на стрелките на часовникот
притиснете го копчето (3) на мерниот уред или копчето
1 609 92A 55C | (05.11.2019)
за вртење во правец на стрелките на часовникот (37) на
далечинскиот управувач.
Вртење на ротационото ниво во вертикална положба
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги
вртите ласерската точка, ласерската линија или
ротационото ниво во опсег на ±8,5 % околу X-оска за
едноставно доведување во права линија или паралелно
израмнување.
За да ја стартувате функцијата притиснете
на копчето за подесување на
косината (14) на мерниот уред или
копчето за подесување на косината (32)
на далечинскиот управувач. Менито за
подесување на косината на Y‑оска се
појавува, ознаката на Y‑оска трепка.
За да го вртите ротационото ниво, притиснете го копчето
▲ (4) одн. ▼ (3) на мерниот уред или на копчето за
косина нагоре (31) одн. надолу (36) на далечинскиот
управувач, додека не ја постигнете саканата позиција.
Автоматска функција на точка на вертикалата надолу
во вертикална положба
Во вертикална положба на мерниот уред варијабилниот
ласерски зрак (8) со помош на далечинскиот управувач
или со Bosch Levelling Remote App за вертикално
поставување може автоматски да се израмни вертикално
надолу.
За да ја стартувате функцијата на точка на
вертикалата надолу притиснете го копчето
за функцијата на точка на
вертикалата (26) на далечинскиот
управувач. За време на вертикалното
израмнување на варијабилниот ласерски
зрак на екранот се појавува ознаката за
функција на точка на вертикалата. По
успешно израмнување се појавува
приказот за функцијата на точка на
вертикалата (e) на почетниот екран.
Напомена: Можно вртење на ротационото ниво околу Y-
оска не се врши како вртење околу точката на
вертикалата.
Режим на централна линија
Во режимот на централна линија мерниот уред
автоматски се обидува да се израмни со средишната
линија на ласерскиот приемник со движење на
ротационата глава на ласерскиот зрак нагоре-надолу.
Ласерскиот зрак може да се израмни со X или Y‑оската на
мерниот уред.
Режимот на централна линија стартува на ласерскиот
приемник. Притоа читајте го и внимавајте на упатството
за користење на ласерскиот приемник.
За време на пребарувањето се појавува
ознаката за режимот на централна линија за
една или двете оски на екранот на мерниот
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl rc 6 professional

Table des Matières