Воспоставете Врска Со Далечински Управувач/Ласерски Приемник; Далечинско Управување Преку Bosch Levelling Remote App - Bosch GRL 600 CHV Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 53
512 | Македонски
По успешно нивелирање, се појавува
почетниот екран, ласерските зраци светат
непрекинато, ротацијата започнува и
приказот за статус свети зелено
непрекинато.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред
задржете го притиснато копчето за
вклучување/исклучување (11) додека не
се појави ознаката за исклучување на
екранот.
При надминување на највисоката
дозволена работна температура од 50 °C
за неколку секунди се појавува порака за
предупредување и приказот за статус (12)
свети црвено.
Потоа мерниот уред автоматски се исклучува заради
заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади,
мерниот уред е повторно подготвен за работа и може
одново да се вклучи.
Воспоставете врска со далечински управувач/
ласерски приемник
Во состојба на испорака мерниот уред и испорачаниот
далечински управувач (41) како и испорачаниот
ласерски приемник (42) веќе се поврзани преку
Bluetooth®.
За да ги поврзете далечинскиот
управувач или ласерскиот
приемник, задржете го
притиснато копчето Bluetooth® (7)
додека на екранот не се појави
ознаката за воспоставување на
врска со далечинскиот
управувач/ласерскиот приемник.
За воспоставувањето на врска со далечинскиот
управувач потоа притиснете ги истовремено за 5 s
копчето за вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот (30) и копчето за вртење во правец на
стрелките на часовникот (37) на далечинскиот
управувач. Додека се воспоставува врска со
далечинскиот управувач, приказот за статус (34) и (35)
на далечинскиот управувач трепка зелено наизменично.
За воспоставување на врска со ласерскиот приемник
притиснете ги истовремено за 5 s копчињата X‑оска и
Y‑оска на ласерскиот приемник. Притоа внимавајте на
упатството за користење на ласерскиот приемник.
Успешното воспоставување на
врска со далечинскиот управувач
одн. ласерскиот приемник се
потврдува на екранот.
При успешно воспоставување на
врска со далечинскиот управувач
1 609 92A 55C | (05.11.2019)
приказот за статус (34) и (35) на
далечинскиот управувач свети за
3 s зелено.
Ако не може да се воспостави
врска, на екранот се појавува
порака за грешка.
Ако воспоставувањето на врска
со далечинскиот управувач е
несупешно, приказот за
статус (34) и (35) на
далечинскиот управувач свети за
3 s црвено.
2 ласерски приемници можат истовремено да се поврзат
со мерниот уред и да работат со мерниот уред.
Ако се поврзат дополнителни далечински управувачи или
ласерски приемници, најстарата врска се брише.
Далечинско управување преку Bosch Levelling Remote
App
Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со
помош на безжична технологија дозволува далечинско
управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-
интерфејс.
За користење на оваа функција потребна е апликацијата
(App) „Bosch Levelling Remote App". Неа можете да ја
преземете од соодветниот App-Store во зависност од
крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).
Информации за потребните системски предуслови за
Bluetooth® врска ќе најдете на интернет страната на Bosch
на www.bosch-pt.com.
При далечинско управување со помош на Bluetooth®
може да настанат временски одложувања помеѓу
мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за
прием.
За вклучување на Bluetooth® за
далечинско управување преку апликација,
кратко притиснете го копчето за
Bluetooth® (7). Ознаката за
воспоставување на врска со паметен
телефон се појавува на екранот.
Проверете дали, интерфејсот за
Bluetooth® е активиран на Вашиот мобилен
уред.
Успешното воспоставување на врска се
потврдува на екранот. На почетниот екран
се препознава постоечката врска на
приказот за врска преку Bluetooth® (b).
Ако не може да се воспостави врска, на
екранот се појавува порака за грешка.
По старт на Bosch-апликацијата се воспоставува врска
помеѓу мобилниот и мерниот уред. Доколку се
пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го
соодветниот мерен уред. Доколку е пронајден само еден
активен мерен уред, се воспоставува автоматска врска.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Grl rc 6 professional

Table des Matières