Начини На Работа - Bosch GLL 2-20 Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
54 | Македонски
извршете контрола на точноста (види „Контрола на
точноста на мерниот уред", Страница 54).
Исклучете го мерниот уред за време на
u
транспортот. При исклучувањето, се блокира
осцилирачката единица, која би се оштетила при
интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција „On". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) во
позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица
се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Начини на работа
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со
вкрстени линии со автоматика за нивелирање.
За да го смените режимот на работа, притискајте на
копчето за режим на работа на ласерот Mode (9), додека
не се прикаже саканиот режим на работа со светење на
соодветните прикази за режими на работа на
ласерот (11).
Може да избирате помеѓу следниве режими на работа:
Приказ
Начин на работа
Режим на вкрстени линии (види
слики A, B и E): Мерниот уред
произведува хоризонтална ласерска
површина (360° ротирачка ласерска
линија) и вертикална ласерска линија.
Хоризонтален режим (види слика C):
Мерниот алат произведува
хоризонтална ласерска површина.
Вертикален режим (види слика D):
Мерниот уред произведува вертикална
ласерска линија.
Сите начини на работа може да се изберат со автоматика
за нивелирање како и со осцилаторна блокада.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики F–G)
При работење со автоматика за нивелирање, приказот за
осцилаторна блокада (12) не смее да свети. Доколку е
потребно, вклучете ја автоматиката за нивелирање со
повторно притискање на копчето за осцилаторна блокада
1 609 92A 4HK | (08.10.2020)
Lock (8) со што приказот за осцилаторна блокада ќе се
изгаси.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на универзалниот држач (13)
или на стативот (23).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се
движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи површината на која е поставен мерниот уред
отстапува повеќе од 4°, предупредувањето за
нивелирање (10) свети црвено и ласерот повторно се
исклучува.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално
и почекајте го самонивелирањето. Откако мерниот уред
повторно ќе се најде во полето на самонивелирање од
±4°, предупредувањето за нивелирање се гаси (10) и
ласерот се вклучува.
Надвор од полето на самонивелирање од ±4° работењето
со автоматиката за нивелирање не е возможно, бидејќи
не може да се гарантира ниту точноста на нивелирање на
ласерските зраци, ниту точниот агол помеѓу ласерските
зраци.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната
ласерска линија во однос на референтните точки за да се
избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Работење со осцилаторна блокада (види слика E)
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го
копчето за осцилаторна блокада Lock (8). При вклучена
осцилаторна блокада, приказот за осцилаторна блокада
свети (12) црвено.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за
нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го
држите слободно во рака или да го поставите на навалена
подлога. Ласерските линии повеќе не се нивелираат и не
мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот
уред на статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières