Начини На Работа - Bosch GRL 250 HV Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 250 HV Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
218 | Македонски
уред, за да се избегнат прекини на работата поради
дополнително нивелирање.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето
за вклучување/исклучување (4). Сите прикази кратко
светнуваат. Мерниот уред го пушта варијабилниот
ласерски зрак (6) и точката на вертикалата нагоре (9) од
излезните отвори (8).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Мерниот уред започнува веднаш со автоматско
нивелирање. За време на нивелирањето, приказот за
статус трепка (3) зелено, ласерот не ротира и трепка.
Мерниот уред е изнивелиран, штом приказот за
статус (3) свети непрекинато зелено и ласерот свети
непрекинато. По завршување на нивелирањето мерниот
уред автоматски стартува во ротационен погон.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
Со копчето за ротационен режим (5) одн. копчето за
линиски режим (11) може да го утврдите начинот на
работа за време на нивелирањето. Во овој случај
мерниот уред стартува по завршувањето на
нивелирањето во избраниот начин на работа.
За исклучување на мерниот уред, одново притиснете го
копчето за вклучување/исклучување (4).
За заштита на батериите, мерниот уред автоматски се
исклучува ако е надвор од опсегот на самонивелирање
подолго од 2 h или ако предупредувањето за удар се
активира подолго од 2 h. Позиционирајте го мерниот
уред одново и повторно вклучете го.
Начини на работа
Преглед на видови на режим
Сите 3 режими на работа се возможни во хоризонтална и
вертикална положба на мерниот уред.
Ротационен режим
Ротациониот режим е особено препорачлив
при употреба на ласерскиот приемник.
Може да бирате меѓу различни брзини на
ротација.
Линиски режим
Во овој режим на работа, варијабилниот
ласерски зрак се движи во ограничен агол
на отворање. Притоа, видливоста на
ласерскиот зрак е зголемена во споредба со
ротациониот режим. Може да бирате меѓу
различни агли на отворање.
Точкест режим
Во овој режим на работа се постигнува
најдобра видливост на варијабилниот
ласерски зрак. Тој на пр. служи за
едноставно пренесување на висини или за
контрола на правите линии.
1 609 92A 7AR | (07.02.2022)
Линискиот и точкаст режим не се наменети за употреба
со ласерскиот приемник (30).
 Ротационен режим
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во
ротационен режим со стандардна брзина на ротација.
–1
(300 min
).
За менување од линиски во ротационен режим,
притиснете го копчето за ротационен режим (5) или
копчето за ротационен режим (20) на далечинскиот
управувач.
За промена на брзината на ротација, притискајте го
копчето за ротационен режим (5) или копчето за
ротационен режим (20) на далечинскиот управувач,
додека не ја постигнете саканата брзина.
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете
најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски
приемник, намалете ја брзината на ротација за подобра
видливост на ласерскиот зрак и користете ласерски
очила (40).
 Линиски режим/точкаст режим
За промена во линиски режим одн. точкаст режим,
притиснете го копчето за линиски режим (11) или
копчето за линиски режим (21) на далечинскиот
управувач.
Мерниот апарат се менува во линиски режим со
најмалиот агол на отворање.
За промена на аголот на отворање притискајте го
постојано копчето за линиски режим (11) или копчето за
линиски режим (21) на далечинскиот управувач, додека
не се појави саканиот режим на работа. Аголот на
отворање се зголемува постепено при секое
притискање, истовремено се зголемува и брзината на
ротација со секој степен.
Мерниот уред се менува по кратко осцилирање во
точкаст режим со најмалиот агол на отворање. Со одново
притискање на копчето за линиски режи (11) води назад
кон линискиот режим со најмалиот агол на отворање.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може
да излезе малку над крајните точки на ласерската линија.
Функции
 Вртете ја линијата/точката во хоризонтална
положба во ротационото ниво (види слика A)
При хоризонтална положба на мерниот уред, може да ја
позиционирате ласерската линија одн. ласерската точка
во ротационото ниво на ласерот. Можно е вртење за
360°.
Свртете ја рачно ротационата глава (10) во саканата
позиција или користете го далечинскиот управувач: за
вртење во правецот на стрелките на часовникот,
притиснете го копчето за вртење во правецот на
стрелките на часовникот (23) на далечинскиот
управувач, за вртење во правец спротивен на стрелките
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières