Совети При Работењето - Bosch GRL 250 HV Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GRL 250 HV Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
220 | Македонски
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на нивелирање во хоризонтална
положба
За веродостоен и точен резултат се препорачува
проверката на точноста на нивелирање да се изведе на
слободна мерна линија од 30 m на цврста подлога пред
ѕид. Спроведете целосна мерна постапка за двете оски.
– Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба
30 m на растојание од ѕидот на статив или поставете го
на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
30 m
– По завршување на нивелирањето означете ја
средината на ласерскиот зрак на ѕидот (точка I).
d
– Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
неговата позиција. Оставете го да се нивелира и
обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот
(точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅱ на ѕидот го дава
фактичкото отстапување од висината на мерниот уред за
измерената оска.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го
мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерна линија од 30 m максималното дозволено
отстапување изнесува:
30 m × ±0,1 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и
Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да изнесува
најмногу 6 mm.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на
ласерската линија се менува согласно растојанието.
1 609 92A 7AR | (07.02.2022)
Работење со целна табла за ласерот (види слики C)
Целната табла за ласерот (41) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (41) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот (15) на навојот на
стативот (32). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Работење со ѕидниот држач WM 4 (опрема)
(види слика D)
Мерниот уред може да го монтирате на ѕиден држач со
единица за израмнување (36). Завртете ја завртката
5/8" (38) на ѕидниот држач во прифатот за статив (15) на
мерниот уред.
Монтажа на ѕид: монтажата на ѕид се препорачува на пр.
180°
при работење, кое е над висината на извлекување на
стативот, или при работење на нестабилна подлога и без
статив.
Зацврстете го ѕидниот држач (36) или со завртка низ
отворите за завртување (34) на ѕид или со завртка за
прицврстување (33) на лајсна. Монтирајте го ѕидниот
држач колку што може повертикално на ѕидот и
внимавајте да има стабилно прицврстување.
Монтажа на статив: ѕидниот држач (36) исто така може
да го завртите и со прифатот за статив (35) на задната
страна од стативот. Ова зацврстување особено се
препорачува при работи, каде ротационото ниво треба да
се израмни на референтна линија.
Со помош на единицата на израмнување, може да го
поместите монтираниот мерен уред вертикално (при
монтажа на ѕид) одн. хоризонтално (при монтажа на
статив) во поле од околу 16 cm. Притоа, олабавете ја
завртката (37) на единицата за израмнување, поместете
го мерниот уред во саканата позиција, и повторно
затегнете ја завртката (37).
Работење со ласерски приемник (опрема)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник (30).
Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа
изберете хоризонтален или вертикален режим со
највисоката ротирачка брзина.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières