Начини На Работа - Bosch GLL 2-15 G Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 2-15 G Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
За да го вклучите мерниот уред веднаш по автоматското
исклучување, можете или најпрво да го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во
позиција „Off" и потоа повторно да го вклучите мерниот
уред, или да притиснете на копчето за режим на работа
на ласерот (3).
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето за режим на работа (3)
(при вклучен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана,
ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C, автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Начини на работа
Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– режим на вкрстени линии (види слика A): создава
хоризонтална и вертикална ласерска линија,
– хоризонтален режим (види слика B): создава
хоризонтална ласерска линија,
– вертикален режим (види слика C): создава вертикална
ласерска линија.
За да го смените режимот на работа, притиснете на
копчето за режим на работа на ласерот (3) додека
ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим
на работа.
Сите начини на работа се можни со автоматика за
нивелирање, како и со функција за навалување.
Автоматика за нивелирање
Мерниот уред во секое време ја контролира положбата
за време на работата. При поставувањето во полето на
самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за
нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се
менува автоматски во функција за навалување.
Работење со автоматика за нивелирање
(види слики A–C)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот (10) или на
стативот (15).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом
ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уред е
изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
4° од хоризонталата, ласерските линии прво трепкаат 2 s
со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо
Bosch Power Tools
темпо. Мерниот уред се наоѓа во функција на
навалување.
За дополнително работење со автоматиката за
нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°
ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на
референтните точки, за да се избегнат грешките при
поместување.
Работење со функција за навалување (види слика D)
Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При
работењето со функција за навалување трепкаат
ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s
неколку пати со брзо темпо.
Во функцијата за навалување ласерските линии повеќе
не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон
друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот
уред на статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го
надмине максималното отстапување, тогаш треба да се
поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред и изберете режим на
вкрстени линии.
Македонски | 143
1 609 92A 7LW | (29.04.2022)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières