Télécharger Imprimer la page

Makita DC10SB Manuel D'instructions page 55

Masquer les pouces Voir aussi pour DC10SB:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 5
МАКЕДОНСКИ
Предупредување: Овој уред може да се користи од деца на
возраст од 8 години и повеќе, и од лица со намалени психички,
сензорни или ментални способности или недостаток на
искуство и знаење доколку истите се под надзор или се упатени
во употребата на уредот на безбеден начин и ги разбираат
опасностите што се вклучени. Деца не смеат да играат со
уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
смее да се извршува од страна на деца без надзор.
Симболи
Следново ги покажува симболите што се употребуваат за опремата. Осигурете се дека го разбирате нивното значење пред
употребата.
• Само за внатрешна употреба.
• ДВОЈНА ИЗОЛАЦИЈА
• Полнење.
• Одложено полнење (ладење на
батеријата или премногу ладна
батерија).
• Одложено полнење (премногу топла
или премногу ладна батерија).
• Не предизвикувајте краток спој на
батеријата.
• Не изложувајте ја батеријата на вода
или дожд.
• Само за земји-членки на ЕУ
Не фрлајте електрична опрема или пакување со батерии во отпадот од домаќинството!
Со цел да се постигне почитување на Европските директиви за отпад од електрична и електронска опрема
и батерии и акумулатори и стари батерии и акумулатори и нивно имплементирање во согласност со
домашното законодавство, електричната опрема и пакувањата со батерии на кои им е поминат рокот на
траење мора да се собираат посебно и да се вратат во капацитет за рециклирање кој е компатибилен со
животната средина.
ВНИМАНИЕ:
1.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА – Овој прирачник
содржи важни упатства за безбедност и ракување со
полначот за батерии.
2.
Пред да го употребите полначот за батерии, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за предупредување на (1)
полначот за батерии, (2) батеријата и (3) производот што
ја употребува батеријата.
3.
ВНИМАНИЕ – За да се намали ризикот од повреда,
полнете само Makita батерии кои може повторно да се
полнат. Други типови на батерии може да се распрснат
предизвикувајќи лична повреда и штета.
4.
Батериите за една употреба не може да се полнат со овој
полнач за батерии.
5.
Употребувајте извор на напојување со посочениот напон
на плочката со името на полначот.
6.
Не полнете ги батериите во присуство на запаливи
течности или гасови.
7.
Не изложувајте го полначот на дожд или снег.
8.
Никогаш не носете го полначот за кабелот и не влечете го
за да го исклучите од приклучокот.
9.
По полнење или пред спроведување на какви било
постапки на одржување или чистење, исклучете го
полначот од изворот на напојување. Повлечете го
приклучокот наместо кабелот кога го исклучувате
полначот.
• Прочитајте го упатството за употреба.
• Подготвен за полнење.
• Полнењето е завршено.
• Неисправна батерија.
• Неисправност при ладење.
• Не уништувајте ја батеријата со оган.
• Секогаш рециклирајте ја батеријата.
10. Проверете дали кабелот е наместен така да не се нагази,
да не предизвикува сопнување или на друг начин да биде
подложен на оштетување или притисок.
11. Не работете со полначот со оштетен кабел или приклучок.
Доколку кабелот или приклучокот се оштетени, побарајте
од овластениот сервисен центар на Makita да го замени
за да се избегне опасност.
12. Не работете со и не го расклопувајте полначот доколку
бил силно удрен, паднал или поинаку бил оштетен;
однесете го кај квалификуван сервисер. Неправилната
употреба или повторно склопување може да доведе до
ризик од струен удар или пожар.
13. Не полнете ја батеријата кога собната температура е ПОД
10°C или НАД 40°C. На ниска температура, полнењето
може да не започне.
14. Не обидувајте се да употребите трансформатор за
зголемување на напон, мотор-генератор или приклучок за
еднонасочна струја.
15. Не дозволувајте нешто да ги покрие или затне отворите
на полначот.
55

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Dc10wd