Ставање Во Употреба - Bosch GSA 36 V-LI Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GSA 36 V-LI Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-303-006.book Page 157 Monday, June 23, 2014 9:39 AM
Доколку листот за пилата 1 не се заклучи, свртете ја
чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец на
стрелката, додека не се заклучи во отворена позиција и не
се слушне кликање. Притиснете го листот за пилата 1 уште
еднаш во прифатот за лист за пила 3.
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Исфрлање на листот за пила (види слика C)
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете ја чаурата за блокирање 4 за околу 90° во правец
на стрелката. Листот за пила 1 ќе се исфрли.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во комби-
нација со дополнителни супстанци (хромат, средства за
заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може
да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Подеслива основна плоча (види слика D)
Основната плоча 2 поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Куки за закачување (види слика E)
Со куките за закачување 6 може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 6 во саканата позиција.
 При закачувањето на електричниот уред, внима-
вајте листот за пилата да е заштитен од невни-
мателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување 6, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Прекинувачот за бирање на бројот на одови 7 ставете го
во средна позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување. Ставете ја
наполнетата батерија 10 во предната страна на
подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете ја
батеријата во подножјето, додека црвената линија не
исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Промена на бројот на одови
Со прекинувачот за бирање на број на одови 7 може да го
промените бројот на одови на електричниот апарат.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 е
притиснат ова не е возможно.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 7 на средина:
Активирана е блокадата при вклучување.
Прекинувачот за вклучување/
исклучување 8 е блокиран и
електричниот апарат е осигуран од
невнимателно вклучување.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 7 налево:
1. брзина, помал број на одови.
Помалиот број на одови е погоден за
обработка на потврди материјали, на
пр. челик, обоен метал, тврда пластика,
или за фино сечење во дрво и за
сечење со вдлабнување.
Поради малиот број на одови се
овозможува работа со малку вибрации.
Прекинувач за бирање на бројот на одови 7 надесно:
2. брзина, голем број на одови.
Големиот број на одови е погоден за
обработка на меки материјали.
Големиот број на одови овозможува
побрз напредок во работата, на пр. за
грубо сечење на дрво.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
8 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Контрола на бројот на удари
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Македонски | 157
1 609 92A 0WA | (23.6.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières