Совети При Работењето - Bosch ANGLE EXACT ION 8-1100 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour ANGLE EXACT ION 8-1100:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
OBJ_BUCH-1521-005.book Page 199 Tuesday, February 24, 2015 2:30 PM
Конфигурација на електричниот апарат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот апарат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот апарат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Замена на алатот кај шраф со надворешна
четириаголна глава (види слика F)
Ставање на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната
глава на прифатот за алат 2, напр. со помош на мал
одвртувач, и вметнете го алатот за вметнување 1 над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
Вадење на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот
што се вметнува 1 и извлечете го алатот за вметнување
од прифатот за алат 2.
Замена на алатот кај шраф со внатрешна
шестаголна глава (види слика G)
Ставање на алатот за вметнување
– Вметнете го алатот за вметнување 1 во внатрешната
шестаголната глава на алатот за прифат 2, додека не се
вклопи.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете го алатот за вметнување 1 од алатот за
прифат 2, доколку е потребно со помош на клешти.
Замена на алатот кај шраф со брзозатегачката
глава (види слика H)
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголен).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 24
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување 1 во прифатот за алат
2 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 24
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување 1 од прифатот за алат
2 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот апарат,
најпрво треба да го поставите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење 11: Електричниот
апарат ќе стартува, доколку прекинувачот за правец на
вртење 11 не стои во средината (блокада при
вклучување).
Поставете го правецот на вртење (види слика I)
– Тек на десно: За дупчење и зашрафување притиснете
го прекинувачот за менување на правец на вртење 11
на лево до крај.
– Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 11 на десно до крај.
Вклучување на работното светло
Работното светло 13 овозможува осветлување на местото
на одвртување при неповолни светлосни услови.
Работното светло го вклучувате 13 со лесно притискање
на прекинувачот за вклучување/исклучување 10. Доколку
го притиснете посилно прекинувачот за
вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот
апарат, а работното светло и понатаму свети.
 Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
Вклучување/исклучување
Одвртувачите имаат исклучна спојка која
зависи од вртежниот момент, и се подесува
во дадените граници. Таа реагира доколку
се постигне подесениот вртежен момент.
– За Вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 до крај.
– Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом
се постигне подесениот вртежен момент.
 Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
10 се ослободи предвреме, претходно подесениот
вртежен момент нема да се постигне.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Подесување на вртежниот момент (види слики J–K)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување 25 што е
испорачан со уредот.
– Турнете го лизгачот 6 од електричниот апарат
комплетно наназад.
Македонски | 199
1 609 92A 138 | (24.2.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières