Совети При Работењето - Bosch GHO 40-82 C Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GHO 40-82 C Professional:
Table des Matières

Publicité

136 | Македонски
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (6) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот и на погонскиот ремен.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
При оптоварување се намалува бројот на вртежи.
Оставете го електричниот апарат неоптоварен на
највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди
да се олади.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Сервисната станица (29) во куферот може да се
употреби како направа за прифаќање на рендето, на пр.
за менување на сечила.
Не ја користете сервисната станица за стационарна
u
употреба на рендето.
Процес на рендање (види слика G)
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (10).
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (28)
овозможува продолжување на процесот на рендање
откако ќе прекинете, на одреден дел од парчето што се
обработува:
1 609 92A 4LG | (19.02.2019)
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на
рендето при паузирање, поставете го на другото место
од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и
полека турнете го електричниот алат нанапред (➊).
Притоа држачот на рендето при паузирање ќе се
притисне нагоре (➋), така што задниот дел на
подлогата на рендето повторно ќе легне на делот што
се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по
површината што се обработува (➌).
Закосување на рабови (види слика H)
V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите
од делот што се обработува. Употребете го соодветниот
V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа
поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се
обработува и водете го по должина на делот што се
обработува.
Употребен жлеб
нема
мала
средно
голема
Рендиња со паралелен/аголен граничник (види
слики D – F)
Монтирајте го паралелниот граничник (21) одн. аголниот
граничник (24) со завртката за прицврстување (23) на
електричниот алат. Во зависност од примената,
монтирајте го граничникот за подесување на длабочината
на засекот (27) со завртката за прицврстување (26) на
електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (22) и подесете ја
саканата ширина на засекот. Повторно затегнете ја
завртката за блокирање (22).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот
(27).
Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека
не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник
При закосување на засеци
и површини поставете го
потребниот агол на
закосување со подесување
на аголот (25).
Депо за сечилото на рендето/клучот
Во депото за сечилото на рендето/клучот (3) како што е
прикажано на сликата, може да се сместат сечило на
рендето (16) и клучот со внатрешна шестаголна глава
димензија a
(mm)
0 – 5,7
1,9 – 7,6
4,7 – 10,3
5,9 – 11,6
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières