Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GKS 12V-26 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 12V-26 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
сечење 45° (11) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија (1) притиснете ја од напред
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената
линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(4) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената сопирачка за исфрлање од брзина го
намалува вибрирањето на сечилото за пила по
исклучување на електричниот алат.
Приказ за контрола на температурата/заштита од
преоптоварување
Црвениот LED-приказ (16) Ви помага да ја заштитите
батеријата од прегревање и моторот од
преоптоварување.
Доколку LED-приказот свети (16) непрекинато црвено,
температурата на батеријата е превисока и електричниот
алат автоматски се исклучува.
– Исклучете го електричниот алат.
– Оставете ја батеријата да се олади, пред да
продолжите со работата.
Доколку LED-приказот трепка (16) црвено,
електричниот алат е блокиран и автоматски се исклучува.
Извлечете го електричниот алат од делот што се
обработува.
Штом се отстрани блокадата, електричниот алат
продолжува да работи.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (26) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) е половично или целосно
Bosch Power Tools
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Совети при работењето
Заштитете ги сечилата за пила од удари.
Водете го електричниот алат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на истиот.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на сечилото
за пила . Затоа користете само остри и соодветни сечила
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на сечило за пила зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават
должински или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со всисувач
за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник (32) овозможува прецизни
резови по должината на делот што се обработува, како на
пример сечење на ленти со исти димензии.
Поставете ја саканата ширина на надворешниот раб на
основната плоча со помош на скалата на водилките на
паралелниот граничник/адаптерот за шините водилки.
Сечење со помошен граничник (види слика F)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината
на помошниот граничник.
Сечење со шина водилка (види слика E)
Со помош на шината водилка (34) може да правите
праволиниски резови.
Напомена: Користете ја шината водилка (34) само за
правоаголни резови. При сечење со закосување може да
се оштети шината водилка (34).
Лепливиот слој го спречува лизгањето на шината водилка
и ја негува површината на делот што се обработува.
Облогата на шината водилка овозможува лесно лизгање
на електричниот алат.
Зацврстете ја шината водилка (34) со соодветни уреди за
затегнување, на пр. менгеме, на делот што се
обработува. Поставете го електричниот алат со
монтираниот адаптер за шини водилки на шината
водилка.
Напомена: Монтирајте го паралелниот граничник/
адаптерот за шините водилки (32) со логото на Bosch
надолу на електричниот алат.
Шината водилка (34) не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
Македонски | 195
1 609 92A 4LK | (22.10.2018)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gks 18v-57 g professionalGks 18v-57 professional

Table des Matières