Совети При Работењето - Bosch GMS 100 M Professional Notice Originale

Détecteur numérique
Masquer les pouces Voir aussi pour GMS 100 M Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
86 | Македонски
се забавува. Над објектот, главната скала h покажува
максимално отчукување; прстенот 1 свети црвено и се
слуша сигнален тон. Доколку објектите се мали или
длабоко поставени, прстенот 1 може да продолжи да
свети жолто, а сигналниот тон изостанува.
 Пошироките објекти нема да се прикажат во
целосна ширина со светлечкиот прстен одн.
сигналниот тон.
Ако мерниот уред има локализирано објект под средината
на сензорот, се активира фината скала i.
За попрецизно да го лоцирате објектот, движете го
мерниот уред наваму-натаму (3x) над објектот.
Фината скала i покажува максимално отчукување, ако
објектот се наоѓа точно под средината на сензорот, и не
зависи од тоа, колку црти се прикажуваат на главната
скала h.
Доколку се пребаруваат многу мали или длабоко
поставени објекти, а главната скала h отчукува само
малку, поминете со мерниот уред неколку пати
хоризонтално (x-оска) и вертикално (y-оска) над објектот.
Внимавајте на отчукувањето на фината скала i.
 Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да
се заштитите од опасности и со помош на други
извори на информации. Бидејќи на мерните резултати
може да влијаат околните влијанија или составот на
ѕидот, можна е опасност, иако приказот не покажува
објект во полето на сензорот (не се слуша сигнален тон
и светлечкиот прстен 1 свети зелено).
Метал
Доколку пронајдениот објект е магнетизиран метал (на пр.
железо), на екранот 3 ќе се прикаже ознаката d. Кај
немагнетизираните метали ќе се прикаже ознаката c.
Заради разликување на видовите метал, мерниот уред
мора да се наоѓа над пронајдениот метален објект
(прстенот 1 свети црвено и фината скала i покажува
високо отчукување).
Напомена: Доколку во подлогата има челична арматура и
армирано железо, над целата површина ќе се прикаже
отчукување во главната скала h. Вообичаено при челична
арматура, којашто е директно над железни прачки, на
екранот се појавува ознаката d за магнетизирани метали,
помеѓу железните прачки се појавува ознаката c за
немагнетизирани метали.
Струен кабел
Доколку се пронајде кабел што спроведува струја, на
екранот 3 се појавува приказот e. Повторете го
движењето над површината со мерниот уред, за поточно
да ги лоцирате каблите што спроведуваат струја. По
повеќекратно поминување со уредот над површината,
кабелот што спроведува струја ќе се прикаже многу
прецизно. Доколку мерниот уред е многу блиску до
кабелот, светлечкиот прстен 1 трепка црвено во брз такт и
се слуша забрзан сигнален тон.
1 609 92A 25V | (11.2.16)
Напомени:
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (напр.
светла, уреди) доколку истите се приклучени и
вклучени на кабелот што се бара.
– Под одредени околности (како напр. зад метални
површини или зад површини со голема содржина на
вода) струјните кабли не може да се пронајдат со
сигурност. Јачината на сигналот за струјните
спроводници зависи од положбата на кабелот. Затоа
проверете со дополнителни мерења во близина или
преку други извори на информации, дали постојат
струјни спроводници.
– Каблите што не спроведуваат струја можете да ги
најдете како метални објекти. Притоа не се
прикажуваат жичените кабли (за разлика од каблите од
тврд материјал).
– Статичкиот електрицитет може да доведе до тоа,
каблите да се прикажат непрецизно, на пр. преку
поголем простор или воопшто да не се прикажат. За да
го подобрите квалитетот на приказот, поставете ја
вашата слободна дланка покрај мерниот уред на ѕидот,
за да создадете статички електрицитет.
Совети при работењето
 Мерните резултати може да бидат нарушени поради
одредени околности и услови. Овде спаѓаат напр.
близина на уреди, кои создаваат јаки електрични,
магнетни или електромагнетни полиња, влага,
градежни материјали што содржат метал,
изолациони материјали со каширана фолија како и
спроводливи тапети и плочки. Затоа, пред
дупчењето, сечењето или глодањето во ѕидови,
плафони или подови, проверете и други извори на
информации (напр. градежни планови).
Обележување на објекти
По потреба, може да го обележите пронајдениот објект.
Мерете на вообичаениот режим. Доколку сте ги пронашле
границите или средината на металниот објект, означете го
лоцираното место со отворите за означување 2.
Контрола на температурата
Мерниот уред е опремен со контрола на температурата,
бидејќи прецизното мерење е возможно само доколку
температурата во внатрешноста на мерниот уред е
константна
Доколку светне приказот Контрола на температурата f,
мерниот уред се наоѓа надвор од границите на
дозволената работна температура или бил изложен на јаки
температурни разлики. Исклучете го мерниот уред и
оставете го најпрво да се темперира, пред повторно да
го вклучите.
Функција за предупредување
Доколку на екранот свети приказот b, морате одново да го
стартувате мерењето. Тргнете го мерниот уред од ѕидот и
поставете го на друго место на подлогата.
Доколку на екранот 3 трепка приказот b, однесете го
мерниот уред во овластена сервисна служба.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

3 601 k81 100

Table des Matières