Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch GKS 190 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 190 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-813-004.book Page 157 Monday, February 9, 2015 5:09 PM
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за вшмукување
(види слика B)
Ставете го адаптерот за вшмукување 23 на исфрлувачот
за струготини 14 додека не се вклопи. На адаптерот за
вшмукување 23 може да се приклучи црево за
вшмукување со дијаметар од 35 мм.
 Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира
без приклучено надворешно вшмукување. Инаку
каналот за вшмукување може да се запуши.
 На адаптерот за вшмукување не смее да се
приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за
вшмукување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално вшмукување,
адаптерот за вшмукување 23 мора редовно да се чисти.
Надворешно вшмукување
Цревото за вшмукување поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Видови употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
Отпуштете го затезниот лост 24. За помала длабочина на
сечење тргнете ја пилата од основната плоча 12, а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 12.
Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина
на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
24.
Доколку по отпуштањето на затезниот лост 24
длабочината на сечење не може целосно да се подеси,
извлечете го затезниот лост 24 од пилата и навалете го
надолу. Повторно отпуштете го затезниот лост 24.
Bosch Power Tools
Повторете ја оваа постапка, додека не ја подесите
саканата длабочина на сечење.
Доколку по стегнувањето на затезниот лост 24
длабочината на сечење не може целосно да се фиксира,
извлечете го затезниот лост 24 од пилата и навалете го
нагоре. Повторно отпуштете го затезниот лост 24.
Повторете ја оваа постапка, додека не ја фиксирате
длабочината на сечење.
Подесување на закосениот агол
Олабавете ги пеперутка-навртките 6 и 26. Навалувајте ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата 5. Повторно затегнете ги пеперутка-навртките 6 и
26.
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење 25.
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° 9 ја прикажува позицијата на
листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° 8 ја прикажува позицијата на листот од пилата
при 45°-рез.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро
е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 1 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 1 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Македонски | 157
45
0
1 609 92A 14T | (9.2.15)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières