Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GKS 190 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GKS 190 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-813-004.book Page 158 Monday, February 9, 2015 5:09 PM
158 | Македонски
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 10 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Одвртете ја пеперутка завртката 7 и турнете ја скалата на
паралелниот граничник 10 низ отворот на основната
плоча 12. Поставете ја саканата ширина на сечење како
вредност на скалата на соодветната ознака за сечење 9
одн. 8, видете во делот Ознаки за сечење. Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката 7.
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
1 609 92A 14T | (9.2.15)
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières