AL-KO solo 132 Traduction De La Notice D'utilisation Originale page 713

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 87
Работни карактеристики и работни техники
Оставете повторно да се намота
сајлата за палење без да се отпушти
рачката за палење.
Повторете го претходниот чекор
повеќепати сѐ додека моторот не
стартува и не работи без проблеми.
3. Кратко притиснете ја рачката за гас за да
се ослободи блокадата од половина гас.
Моторот врти со број на вртежи во празен
од.
Напомена: Повторно притиснете ја
рачката за гас ако моторот повеќе не
работи без проблеми.
6.3.2
Запрете го моторот
1. Отпуштете ја рачката за гас (11/2) за да
моторот врти во празен од.
2. Исклучете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (11/1).
3. Почекајте додека алатката за сечење не
дојде до мирување.
6.4
Продолжување на конецот за сечење
за време на работа (12)
Конецот за сечење се скратува и излижува за
време на работа.
1. Моторот треба да врти на полна гас.
2. Потчукнувајте ја (12/a) континуирано
бобината (12/1) по тревата. Со тоа се
одмотува едно парче нов конец за сечење
од бобината а потрошениот крај на
конецот се пресекува од секачот со лента
(12/2).
7 РАБОТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И
РАБОТНИ ТЕХНИКИ
Секогаш барајте рамна и цврста подлога.
Преку правилно штелување на ременот за
носење се допринесува до правилен
работен став.
Никогаш не треба да се работи на мазен,
лизгав рид или падина.
Кога се изведуваат работи на стрмнина,
секогаш треба да се стои подолу од
алатката за сечење.
Моторот за време на потстрижување и
косење секогаш треба да работи во
горното подрачје на вртежи, тогаш
моторната коса сече најдобро.
2500126_a
Ако се блокира ножот односно конецот за
сечење:
Густа вегетација, млади дрва или грмушки
може да го блокираат ножот и да доведат до
запирање. При висока трева може да се
блокира конецот за сечење.
Избегнување на блокирање:
Внимавајте во кој правец се
наведнуваат грмушките и сечете од
спротивната страна.
Сечете ја високата трева слој по слој.
Секогаш одете од горе надолу.
При блокирање:
Веднаш исклучете го моторот и
држете го уредот во висина за да не
отскокне или да се скрши ножот и да
се оштети моторот.
7.1
Потстрижување
Движете ја главата за сечење во
хоризонтално, лаковито движење
рамномерно од едната страна на другата.
Постојано држете ја главата за сечење
паралелно со подот.
Чувајте го уредот подалеку од
чувствителни растенија.
Ниско потстрижување
Водете ја главата за сечење со лесно
накосување на напред за да конецот за
сечење потстрижува веднаш над подот.
Секогаш потстрижувајте подалеку од
телото.
Потстрижување на огради и подлоги
Внимателно и полека движете го уредот,
за конецот за сечење да не допира тврди
пречки.
НАПОМЕНА
Потстрижувањето на камени ѕидови,
основи, огради и дрвја води до
зголемена изабеност на конецот.
Потстрижување околу стебла
Внимателно и полека движете го уредот
околу стеблото, за конецот за сечење да
не ја допре кората на дрвото.
Потстрижувајте од лево на десно околу
стеблата.
Фатете ја тревата и плевелот со врвот на
конецот за сечење и лесно наведнете ја
главата за сечење на напред.
713

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Solo 141

Table des Matières