Télécharger Imprimer la page

Bosch EXACT ION 18 V-LI Notice Originale page 155

Masquer les pouces Voir aussi pour EXACT ION 18 V-LI:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1781-004.book Page 155 Thursday, March 16, 2017 9:02 AM
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
Полнење на батеријата
 За овој електричен апарат користете само полначи
препорачани од Bosch. Само овие уреди за полнење
се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види слики A1–A2)
Батеријата 9 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 10.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
– За да ја извадите батеријата 9 притиснете на копчињата
за отворање 10 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (жолто LED)
Приказ за
Значење
наполнетоста на
батеријата 7
Трепкаво светло +
Полнење на батеријата:
звучен сигнал
Можни се само 6–8 зашрафувања.
Трајно светло
Капацитетот не е доволен за ново
зашрафување или електричниот
апарат е преоптоварен:
Електричниот апарат не може да се
вклучи.
– Извадете ја батеријата и ставете ја
целосно наполнетата батерија.
Bosch Power Tools
Приказ за
Значење
наполнетоста на
батеријата 7
Трепкаво светло
Електричниот апарат е прегреан и
надвор од употреба:
– Почекајте додека трепкањето не
престане автоматски по некое
време, пред повторно да го
вклучите електричниот апарат.
Работна околина и складирање
Електричниот апарат е исклучиво наменет за употреба во
затворени простории.
За беспрекорна работа, дозволената околна температура
треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, во границите на
релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без
кондензација.
Уред за закачување (види слика B)
Со обрачот за закачување 11 може да го прицврстите
електричниот апарат на уред за закачување.
– Поставете го обрачот за закачување 11 на
електричниот апарат и оставете го да се вклопи во
процепот 12.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Конфигурација на електричниот апарат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот апарат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот апарат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Замена на алатот (види слика C)
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголен).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 2
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување 13 во прифатот за алат
1 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегачката глава 2
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување 13 од прифатот за
алат 1 и повторно олабавете ја брзозатегачката глава.
Македонски | 155
1 609 92A 3TZ | (16.3.17)

Publicité

loading