Télécharger Imprimer la page

Bosch EXACT ION 18 V-LI Notice Originale page 153

Masquer les pouces Voir aussi pour EXACT ION 18 V-LI:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 19
OBJ_BUCH-1781-004.book Page 153 Thursday, March 16, 2017 9:02 AM
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
– олово во боите и лаковите што содржат олово;
– кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
– арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
 Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот апарат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен апарат
може да доведе до несреќен случај.
 Користете само исправни, неизабени алати за
вметнување. Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
 Бидете претпазливи при зашрафување на долги
шрафови, бидејќи постои опасност од лизнување,
во зависност од видот на шраф и користениот алат
за вметнување. Честопати, долгите шрафови не може
да се контролираат толку добро и постои опасност да се
слизнат при зашрафувањето и да се повредите.
 Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите електричниот апарат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите шраф, а правецот на
вртење е поставен за зашрафување на шрафот, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
електричниот апарат.
 Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Електричните апарати со една исклучна спојка не се
погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без
предупредување да се исклучи.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Bosch Power Tools
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови, мутери и други затворачи со
навој во дадените граници на димензии и моќност.
Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат на алатот
2 Брзо променлива глава
3 Работно светло
4 Лизгач за избор на вртежен момент
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Прекинувач за менување на правецот на вртење
7 Приказ за наполнетоста на батеријата
8 LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
9 Батерија*
10 Копче за отклучување на батеријата*
11 Обрач за закачување*
12 Отвори за прицврстување на држачот за закачување
Македонски | 153
1 609 92A 3TZ | (16.3.17)

Publicité

loading