Ставање Во Употреба - Bosch GLL 2-15 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GLL 2-15 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-2049-002.book Page 128 Monday, April 28, 2014 4:59 PM
128 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии 9
притиснете на механизмот за заклучување 8 во правец на
стрелката и извадете го капакот од преградата за батерии.
Ставете ги испорачаните батерии. Притоа внимавајте на
половите во согласност со приказот на внатрешната
страна од преградата за батерии.
Доколку батериите се слаби, додека е вклучен мерниот
уред, ласерските линии брзо трепкаат околу 5 с.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност на нивелирањето").
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 во позиција
„On". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта две
ласерски линии од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 во позиција
„Off". При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
1 609 92A 0KH | (28.4.14)
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 120 мин.
работа. За да ја деактивирате автоматиката на
исклучување, при вклучување на мерниот уред, држете го
притиснато копчето за начин на работа 4 3 с. Доколку
автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските
линии кратко трепкаат по 3 с.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го мерниот уред и повторно вклучете го (без да биде
притиснато копчето за начин на работа 4).
Начини на работа (види слики A –C)
Мерниот уред има четири начини на работа, кои може да
ги промените во било кое време:
– Хоризонтален режим „–" (со автоматика за
нивелирање): емитира хоризонтална ласерска линија,
– Вертикален режим „l" (со автоматика за нивелирање):
емитира вертикална ласерска линија,
– Режим на вкрстени линии „+" (со автоматика за
нивелирање): емитира една хоризонтална и една
вертикална ласерска линија,
– Режим на вкрстени линии „+" (без автоматика за
нивелирање): емитира една хоризонтална и една
вертикална линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со
вкрстени линии со автоматика за нивелирање. За да го
смените начинот на работа, притиснете на копчето за
начин на работа 4.
Доколку светне приказот Автоматика за нивелирање 5,
мерниот уред се наоѓа во режим без автоматика за
нивелирање. Во овој режим, независно од косината на
мерниот уред, непрекинато се прикажуваат односните
ласерски линии.
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот 10 или на стативот 18.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање
автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено
штом ласерските линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
од хоризонталата, ласерските линии полека трепкаат. Во
ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и
почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде
мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4°,
ласерските линии повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières