Bosch D-tect 120 Professional Notice Originale page 125

Masquer les pouces Voir aussi pour D-tect 120 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
OBJ_BUCH-2149-003.book Page 125 Wednesday, October 12, 2016 12:52 PM
Универзални детектори
Батерии (алкални мангански)
Батерија литиум-јонска)
Времетраење на работа
– Батерии (алкални мангански)
– Батерија литиум-јонска)
Препорачани батерии
Препорачани полначи
* во зависност од големината и видот на објектот како и материјалот и состојбата на подлогата
Серискиот број 15 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
 Резултатот од мерењето може да биде полош во поглед на точноста и регистрирањето на длабочината доколку својствата на
подлогата се неповолни.
Монтажа
Мерниот уред може по избор да се употребува со батерија
13 или со AA-батерии.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Полнење на батеријата (види слика C)
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија што се користи за
Вашиот мерен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Electronic Cell
Protection (ECP)" од длабинско празнење. Доколку
батеријата е испразнета, мерниот уред се исклучува со
заштитен прекинувач.
 По автоматското исклучување на мерниот уред, не
притискајте на копчето за вклучување-
исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата 13 притиснете на копчињата
за отклучување 12 и извлечете ја батеријата наназад од
мерниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вметнување на батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за
вашиот мерен уред може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на мерниот уред.
Ставете ја наполнетата батерија 13 во дршката, додека не
се вклопи и не легне рамно во дршката.
Bosch Power Tools
4 x 1,5 V LR6 (AA) (со батериски адаптер)
Ставање/вадење на AA-батерискиот адаптер
(види слика D)
 AA-батерискиот адаптер е предвиден исклучиво за
употреба со одредени мерни уреди на Bosch и не може
да се користи со електрични апарати.
Ставање на AA-батерискиот адаптер
Вметнете ја обвивката 17 во отворот 11. Според
илустрацијата, ставете ги батериите во соодветно во
просторот со капаче за затворање 16. Сега затворете го
капачето 16 преку батериите, додека не се вклопи и не
легне рамно со рачката.
Вадење на AA-батерискиот адаптер
Притиснете ги копчињата за отклучување 12 на
поклопецот за заклучување 16 и извлечете го
поклопецот надолу. Притоа внимавајте да не
испаднат батериите. Држете го уредот со
лежиштето за батерии насочено нагоре.
Извадете ги батериите. За да ја извадите обвивката 17 од
внатрешноста, фатете ја и извлечете ја истата со лесно
притискање на страничниот ѕид од мерниот уред.
Приказ на батеријата
Приказот на батеријата b секогаш го покажува актуелниот
статус на батеријата
Батеријата е целосно наполнета
Батеријата има 2/3 капацитет или помалку
Батеријата има 1/3 капацитет или помалку
Батеријата има 10% капацитет или помалку
Менување на батерија
Употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
Македонски | 125
D-tect 120
10,8 V/12 V
5 ч
5 ч
GBA 10,8V ...
GBA 12V ...
AL 11.. CV
GAL 12.. CV
1 609 92A 212 | (12.10.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières