Bosch GCM 80 SJ Professional Notice Originale page 218

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 80 SJ Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
OBJ_BUCH-2154-003.book Page 218 Monday, March 6, 2017 11:48 AM
218 | Македонски
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 13 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм).
– Поврзете го цревото за вшмукување на прав со
исфрлувачот на струготини 13.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на листови за пилата
(види слики C1–C4)
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 36
со инбус клуч (5 mm) 35 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 29, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 29 и
одвртете го шрафот 36 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 37.
1 609 92A 3BW | (6.3.17)
– Притиснете го прекинувачот за блокада 17 и навалете
ја осцилаторната заштитна хауба 19 наназад до крај.
– Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција и извадете го листот за пилата 39.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 17, навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 19 наназад до крај и
држете ја во оваа позиција.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 38.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 37 и шрафот 36.
Притиснете ја блокадата на вретеното 29 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика D)
Транспортниот осигурувач 30 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 16
надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач
30.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 30.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 11, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– За фиксирање на масата за пила 22 затегнете го
копчето за фиксирање 25.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 17 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 16 надолу.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 30 може да се притисне
навнатре.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 800 sj professionalGcm 8000 sj professional

Table des Matières