Bosch GCM 80 SJ Professional Notice Originale page 215

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 80 SJ Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 27
OBJ_BUCH-2154-003.book Page 215 Monday, March 6, 2017 11:48 AM
обработка се навали, може да го подигне долното
обезбедување или да биде отфрлено од ротирачкото
сечило.
 Не користете друго лице како замена за додаток на
масата или како дополнителен држач. Нестабилен
држач за парчето за обработка може да предизвика
зафаќање на сечилото или поместување на парчето за
обработка во текот на сечењето и да ве повлече вас и
помошникот кон ротирачкото сечило.
 Отсеченото парче не смее да се заглави или
притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено,
т.е. со помош на должинските граничници, исеченото
парче може да се заглави на сечилото и силно да се
отфрли.
 Постојано користете стега или прицврстувач
правилно дизајниран за држење на тркалезен
материјал, како на пр., мотки или цевки. Мотките се
склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат
сечилото да го „засекува" и влече парчето со вашата
рака кон сечилото.
 Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред
да го допре парчето за обработка. Со ова ќе се
намали ризикот парчето за обработка да биде
отфрлено.
 Ако парчето за обработка или сечилото се блокира,
исклучете ја пилата за сечење под агол. Почекајте
сите подвижни делови да застанат и исклучете го
приклучокот од струја и/или извадете го
пакувањето со батерии. Потоа извадете го
заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со
заглавено парче за обработка може да изгубите
контрола или да ја оштетите пилата.
 Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го
копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исеченото парче. Приближување на раката до сечило
кое сé уште врти е опасно.
 Одржувајте ја чистотата на работното место.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
 Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен процеп,
предизвикуваат зголемено триење и заглавување на
листот на пилата или повратен удар.
 Не користете листови за пила од високо легиран
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
 Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
Bosch Power Tools
 Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
 Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Сечење на вертикални агли со
закосување:
За поместување на подесливата
гранична водилка мора да се олабави
средната завртка за фиксирање.
Двете надворешни завртки за
прицврстување не смеат да се
олабавуваат!
Македонски | 215
1 609 92A 3BW | (6.3.17)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 800 sj professionalGcm 8000 sj professional

Table des Matières