Milwaukee M18 FCSSM Notice Originale page 63

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ЧИСТАЧ НА ЦЕВКИ
Производен број...................................................................
Брзина без оптоварување ...................................................
Спирала ................................................................................
Должина на спиралата ........................................................
Препорачан дијаметар на цевки .........................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 ......................
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут .............
високофреквентна моќност .................................................
Верзија блутут ......................................................................
Препорачана температура на околината при работа .......
Препорачани типови на акумулаторски батерии...............
Препорачани полначи .........................................................
Информации за бучавата
Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 62841.
Проценетото ефективно ниво А на оптоварување од
звучен притисок по правило е пониско од 85 dB (A).
Носте штитник за уши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Вредноста на емисија на бучава дадена во овој проспект е измерена според методот на тестирање стандардизиран
во EN 62841 и може да се користи за споредување алатки една со друга. Исто така вредноста е соодветна за
прелиминарна проценка на оптоварувањето со бучава.
Наведената вредност за емисија на бучава се однесува на главните употреби на алатката. Меѓутоа, ако алатката се
користи за други намени или со поинакви додатоци или слабо се одржува, вредноста на емисијата на бучава може
да отстапува. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со бучава во текот на целиот работен период.
За точна проценка на оптоварувањето со бучава треба да се земат предвид и периодите кога алатката е исклучена,
или работи, но всушност не се употребува. Ова може значително да го намали оптоварувањето во текот на целиот
работен период.
Дефинирајте дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од ефектите од бучавата, како што се:
одржување на алатката и додатоците и организирање на работните процеси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА
ЦЕВКАТА
Секогаш користете го задното водечко црево додека
го користите алатот и осигурајте се кабелот да не се
истегнува над задното водечко црево. Ова спречува
да не дојде до камшикување на кабелот што може да
доведе до заплеткување и телесна повреда.
Чистачот на цевки е наменет само за цевки со
дадената големина. Употребата на чистач на цевки со
погрешна величина може да доведе до извртување,
виткање или кршење на спиралата или до повреди.
Спиралата што се врти треба да се фати само со
ракавиците кои се препорачани од страна на
производителот. Ракавици од латекс, широки
ракавици или крпи може да се намотаат околу
спиралата и да предизвикаат тешки повреди.
Осигурајте се дека врвот на спиралата не се
заквачува додека се спиралата се врти. Во
спротивно спиралата може да биде преоптоварена и да
се врти прекумерно, да се свитка или да се скрши, што
може да доведе до тешки повреди.
Ако издувната цевка што треба да се исчисти
содржи хемикалии, бактерии или други токсични
супстанци на пр. предизвикувачи на инфекции,
тогаш користете латекс или гумени ракавици и
заштитни очила, штитник за лице, заштитна облека
и респиратор, препорачани од производителот.
Цевките може да содржат хемикалии, бактерии или
124
МАКЕДОНСКИ
M18 FCSSM
..................... 4810 52 01...
...000001-999999
.........................650 min
-1
..............16 mm, 22 mm
.................. max. 46 m
..................32 - 160 mm
........................12,4 kg
..............2402-2480 MHz
..........................1,8 dBm
............................. 4.0 BT signal mode
................... -18°C ... +50°C
................ M18HB...; M18B...
...............M12-18...; M1418C6
други супстанци, кои може да бидат токсични или да
предизвикаат инфекции, кои пак може да доведат до
повреди со киселина или до други тешки повреди.
Придржувајте се до добрата хигиенска пракса.
Додека ракувате со алатката, немојте да јадете или
да пушите. По ракувањето односно по чистењето на
цевката, рацете или другите делови од телото кои
дошле во контакт со содржината на цевката, треба
секогаш да се измијат со топла вода и сапун. Ве
молиме да избегнувате ризици по здравјето врз основа
на контакт со токсични или материи што може да
предизвикаат инфекции.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете ракавици на кабелот кога работи алатот. Тоа
овозможува подобра контрола на кабелот и помага да
се спречи виткање, свиткување или прекршување на
кабелот и може да доведе до сериозна телесна
повреда.
Пред употребата, проверете дали на спиралите
постојат траги од абење или оштетување. Заменете
ја изабената или оштетената спирала пред употреба на
чистачот на цевки.
Спиралата да не се извртува ли прекумерно да се
витка. Кршењето на спиралата може да предизвика
тешки повреди.
Прегледајте ја цевката што треба да се чисти пред
употребата на уредот. Утврдете ги, доколку е можно,
пристапните точки, дијаметри и должини на цевките
како и оддалеченоста на главните водови, видот на
затнување и присуството за средства за чистење на
цевки и други хемикалии. Доколку во издувната цевка
се наоѓаат хемикалии, потребно е да се преземат
потребни безбедносни мерки. Обратете се до
производителот на хемикалијата, за да добиете
соодветни информации.
Не го користете алатот ако корисникот на алатот
стои во вода. Користењето на алатот во вода го
зголемува ризикот од електричен удар.
Доколку е потребно, ве молиме да ја заштитите
работната површина. Чистењето на издувните цевки
може да биде нечиста работа.
Осигурајте се дека спиралате е целосно намотана.
На тој начин ќе го спречите удирањето на спиралата
што потсетува на бичување при вклучувањето на
алатката.
Ставете го чистачот за одводот на растојание не
поголемо од 60 см од отворот за одвод. Ако
чистачот за одводот не може да се постави во
рамки на 60 см од отворот за одвод, тогаш отворот
за одвод ќе треба да се продолжи користејќи цевка
и приклучоци со слична големина. Во случај на
поголемо растојание спиралата може тешко да се
контролира и може да дојде до нејзино извртување,
виткање или кршење.
Осигурајте се дека чистачот на цевки може да биде
поставен на растојание од максимум 15 см од
отворот на цевката. Во спротивно, пристапот од
отворот на цевката мора да биде премостен со
соодветно парче цевка со сличен дијаметар.
Несодветниот довод на спиралата може да доведе до
извртување, виткање или кршење на спиралата.
Со спиралата и со копчето за вклучување/
исклучување треба да ракува едно исто лице. Ако
алатот престане да се врти, корисникот мора да може
да го исклучи алатот за да спречи виткање, свиткување,
кршење или камшикување на кабелот.
Со исклучот на ситуациите, наведени во упатството
за употреба, спиралата не може да се врти наназад.
Вртењето наназад може да доведе до оштетување на
спиралата и служи само за тоа, при зачепување на
цевката повторно да се извади спиралата.
Секогаш постапувајте со здрав разум и бидете
внимателни кога користите алати. Не е возможно да
се предвиди секоја ситуација која може да доведе до
опасен исход. Немојте да го користите алатот ако не ги
разбирате упатствата за работа или ако мислите дека
не сте способни да ја вршите работата; за
дополнителни информации или обука, контактирајте со
Milwaukee Tool или обучен професионалец.
Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со
упатства. Овие плочки содржат важни информации. Ако
плочките повеќе не се читливи или недостигаат,
обратете се до сервисната служба на MILWAUKEE, за
да добиете замена на истите.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита
од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не
се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
За да ја намалите изложеноста на овие хемикалии:
работете во добро проветрено место и работете со
одобрена заштитна опрема како на пример маски за
прашина коишто се специјално наменети за
филтрирање на микроскопски честички.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен
удар со висок момент на реакција. Испитајте и
отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените
за безбедност.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M 18 за полнење на
батерии од M 18 систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано
суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од
пожар, од наранувања или од оштетување на
производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија
или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода,
одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат
да предизвикаат краток спој.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во
што малку како два часа, ако се проголта или влегува
во телото. Секогаш прицврстете го капакот на
батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го
користите уредот, отстранете ги батериите и чувајте го
подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се
влезени во телото, веднаш побарајте медицинска
помош.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој чистач на цевки е рачен уред за чистење на
секундарни издувни цевки на пример во кујни, бањи или
други простории во домаќинството.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба
да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50%
од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
МАКЕДОНСКИ
125

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières