Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GAS 15 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GAS 15 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-3290-001.book Page 150 Thursday, July 13, 2017 9:41 AM
150 | Македонски
Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 3. Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на
електричниот апарат што се приклучува.
– Монтирајте го муфот 15 (види „Монтирање на муфот",
страна 148).
– Вметнете го адаптерот за всисување 14 во млазниците
за всисување на електричниот алат.
Напомена: При работење со електрични апарати, каде е
премал доводот на воздух во цревото за вшмукување (на
пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори
отворот за непотребниот воздух 31 на муфот 15. Само на
тој начин полуавтоматското чистење на филтерот (SFC)
може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен
воздух 31, додека не се појави максимален отвор.
– За вклучување на Старт/Стоп
автоматиката на вшмукувачот,
поставете го прекинувачот за избор на
начин на работа 4 на ознаката
„Старт/Стоп автоматика".
– За Приклучување на вшмукувачот приклучете го на
конекторот 3 од приклучениот електричен апарат.
Вшмукувачот автоматски почува со работа.
– Исклучете го електричниот апарат, за вшмукувањето
да заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп
автоматиката продолжува да работи уште 6 секунди, за
да ја вшмука останатата прав од цревото за
вшмукување.
– За да го исклучите вшмукувачот, поставете го
прекинувачот за избор на начин на работа 4 на
ознаката „Исклучување".
Вшмукување на влажни материјали
 Со вшмукувачот не вшмукувајте запаливи или
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте
жешка или запалива прав. Не го користете
вшмукувачот во простории каде постои опасност од
експлозија. Правта, пареата или течностите може да се
запалат или да експлодираат.
 Вшмукувачот не смее да се користи како водена
пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на
воздушни и водени мешавини.
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
– Пред влажното вшмукување извадете ја пластичната
кеса 19 или кесата за прав и испразнете го контејнерот
1.
Напомена: За полесно отстранување, при вшмукувањето
на мешавина од вода и цврсти материјали, користете го
филтерот за влага 21, кој ќе ја одвои водата од цврстите
материјали.
– Ставете го филтерот за влага во контејнерот (види
„Ставање на филтерот за влага", страна 149).
1 609 92A 40A | (13.7.17)
– Поставете ја гумената лента на подната млазница (види
„Местење на гумената лента", страна 149).
Вшмукувачот е опремен со пловка. Откако ќе се постигне
максималната висина на полнење, вшмукувањето ќе се
прекине.
– Поставете го прекинувачот за избор на начин на работа
4 на ознаката „Исклучување" (GAS 15 PS) одн.
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 на „Off"
(GAS 15) .
– Испразнете го контејнерот 1.
За да се избегне создавањето на мувла по вшмукувањето
на влажни материјали:
– Извадете го горниот дел на вшмукувачот 8 и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го филтерот за влага 21 и него оставете го
добро да се исуши.
Полуавтоматско чистење на филтерот
(види слика G)
Подоцна, откако јачината на вшмукување ќе се намали,
филтерот мора да се исчисти.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и
количината на правта. Со редовна употреба,
максималниот капацитет подолго се задржува.
При полуавтоматското чистење на филтерот (SFC) со
промена на струењето на воздухот ќе се исчисти
насобраната прашина од ламелите на филтерот.
Активирање на SFC-чистење на филтерот
– Затворете го со дланката отворот на млазниците или
цревото за вшмукување.
– Притиснете 3 пати на SFC-прекинувачот 7.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на вшмукувачот,
извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
 Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
 При сервис и чистење на вшмукувачот користете
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Вадење/менување на филтерот (види слики H1–H2)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер .
– Отворете ги затворачите 9 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 8.
– Свртете го држачот за филтерот 29 до крај во правец на
вртење „
" и извадете го заедно со филтерот 20 од
контејнерот 1.
– Извлечете го извалканиот/оштетениот филтер 20 од
држачот за филтер 29.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gas 15 ps professional

Table des Matières