Bosch BT-ANGLEEXACT 2 Notice Originale page 267

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
u
веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, ако електричниот алат се
преоптовари или се навали кон делот што се
обработува.
Правта што настанува при
ПРЕДУ-
шмирглање, сечење, брусење,
ПРЕДУВАЊЕ
дупчење и слични дејности може
да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство.
Некои од овие материи содржани во правта се:
олово во бои и лакови што содржат олово; кристален
силициум во цигли, цемент и други ѕидарски работи;
арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од
заболување зависи од тоа колку често сте изложени на
овие супстанци. За да ја намалите опасноста, треба да
работите само во добро проветрени простории со
соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се
u
дека прекинувачот за вклучување/исклучување е
во исклучена позиција, пред да ставите батерија.
Носењето на електричниот алат со вашиот прст на
прекинувачот за вклучување/исклучување или
ставање на батеријата во вклучен електричен алат
може да доведе до несреќен случај.
Користете само исправни, неизабени алати за
u
вметнување. Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Бидете претпазливи при завртување на долги
u
завртки, бидејќи постои опасност од лизнување, во
зависност од видот на завртката и користениот алат
за вметнување. Честопати, долгите завртки не може
да се контролираат толку добро и постои опасност да
се слизнат при завртувањето и да се повредите.
Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
u
да го вклучите електричниот алат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите завртка, а правецот на
вртење е поставен за завртување на завртката, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
електричниот алат.
Bosch Power Tools
Не го користете електричниот алат како дупчалка.
u
Електричните алати со една спојка за исклучување не
се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и
без предупредување да се исклучи.
Внимание! При користењето на електричниот алат
u
®
со Bluetooth
може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто
така не може целосно да се исклучи можноста за
повреда на луѓе и животни во непосредна околина.
Не го користете мерниот уред со Bluetooth
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски уреди, области со опасност од експлозија
и во близина на мински полиња. Не го користете
електричниот алат со Bluetooth
Избегнувајте долготрајна употреба во директна
близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Системот за завртување на BT-EXACT/BT-ANGLEEXACT и
EXAConnecT е наменет за завртување и олабавување на
завртки како и затегнување и олабавување на навртки во
дадените граници на димензии и капацитет. Тој не е
наменет за документирање на вртежниот момент или
агол на ротација на едно завртување.
Системот за завртување овозможува безжичен пренос на
податоци од сигналите на завртување со Bluetooth®
безжична технологија. Се праќаат в.р. и н.в.р.сигнали
(завртување во ред/не е во ред) на индустрискиот
батериски одвртувач од серијата BT-EXACT и BT-
ANGLEEXACT на базната станица EXAConnecT. Без
базната станица EXAConnecT не е возможно ставањето во
употреба на завртките од серијата BT-EXACT и BT-
ANGLEEXACT: Одвртувачите се заклучени при испораката
и може да се активираат само преку базната станица
EXAConnecT.
Прочитајте го и придржувајте се до упатството за
употреба на базната станица EXAConnecT. Најпрво
активирајте ја базната станица EXAConnecT.
Македонски | 267
®
во
®
во авиони.
®
-како и сликите
1 609 92A 5P3 | (06.04.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières