Bosch GCO 20-14 Professional Notice Originale page 162

Masquer les pouces Voir aussi pour GCO 20-14 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-1063-006.book Page 162 Tuesday, September 6, 2016 3:45 PM
162 | Македонски
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 15 може да се притисне
навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 163.
Подесување на закосениот агол (види слика D)
Аголот на косо сечење може да се постави во граници од
0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник 7. Позициите
0° и 45° се утврдуваат со помош на крајниот граничник.
– Олабавете ги завртките за фиксирање 14 на аголниот
граничник со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава 12(8 mm).
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двата шрафа за фиксирање 14.
Поместување на аголниот граничник (види слики D и E)
Можете да го преместите аголниот граничник 7 наназад.
– Целосно одвртете ги завртките за фиксирање 14 со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 12
(8 mm).
– Поместете го аголниот граничник 7 на саканото
растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги
двата шрафа за фиксирање 14.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика E)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
– Ставете го делот што се обработува на аголниот
граничник 7.
– Лостот за фиксирање 8 ставете го на делот што се
обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката
на вретеното 10.
Олабавување на делот што се обработува
– Олабавете ја рачката на вретеното 10.
– Отворете го делот за брзо отклучување 9 и извлечете го
вретеното за фиксирање 8 од делот што се обработува.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
 Пред употребата проверете ги брусните плочи за
сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде
монтирана беспрекорно и да може слободно да се
1 609 92A 34D | (6.9.16)
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без
оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни
или брусни плочи за сечење што вибрираат.
Оштетените брусни плочи за сечење може да пукнат и
да предизвикаат повреди.
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи
олово, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено
во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или
хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Брусната плоча за сечење може да се блокира поради
прав, струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на основната плоча 13.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно не
дојде во состојба на мирување.
– Навалете го електричниот апарат наназад, за да можат
ситните делови на парчето што се обработува да паднат
надвор од отворот предвиден за тоа.
Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните сите
делови од парчето што се обработува.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Позиција на корисникот (види слика F)
 Не се поставувајте во една линија со брусната плоча
за сечење пред електричниот апарат, туку секогаш
бидете странично од брусната плоча за сечење. На
тој начин Вашето тело ќе биде подобро заштитено од
можните скршени парчиња во случај на кршење на
брусната плоча за сечење.
Вклучување и исклучување (види слика G)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба најпрво притиснете ја
блокадата при вклучување 1.
На крај притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
– За Исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières