Употреба Со Соодветна Намена - Bosch GCO 20-14 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GCO 20-14 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 20
OBJ_BUCH-1063-006.book Page 159 Tuesday, September 6, 2016 3:45 PM
создадат пукнатини, и ова да доведе до пукање на
брусната плоча за сечење без предупредување.
 Носете работна престилка. Внимавајте на тоа, да
нема лица во близина на искрите што летаат.
Отстранете ги запаливите материјали што се во
близина. При брусењето на материјали настанува
опасност од искрите што летаат.
 Користете брусилката за сечење со брусни плочи
само за материјали, кои се соодветно наменети за
таа употреба. Инаку брусилката за сечење со брусни
плочи може да се преоптовари.
 Не користете оштетени, нетркалезни или брусни
плочи за сечење што вибрираат. Оштетените брусни
плочи за сечење предизвикуваат зголемено триење,
заглавување на брусната плоча за сечење и повратен
удар.
 Секогаш користете брусни плочи за сечење со
правилна големина и со соодветен отвор на
прифатот (на пр. ромбоиден или тркалезен).
Брусните плочи за сечење, што не одговараат на
монтажните делови на брусилката за сечење со брусни
плочи, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
 Не користете синџирести или запчести листови за
пила. Таквите алати за вметнување честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на
контролата над електричниот апарат.
 Придржувајте се кон упатството за употреба на
производителот на брусилката за сечење со брусни
плочи во врска со монтажата и користењето на
брусната плоча за сечење. Несоодветните брусни
плочи за сечење може да предизвикаат повреди како и
блокирање, кршење или повратен удар.
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата,
додека не се олади. Брусната плоча за сечење за
време на работата се вжештува.
 Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е
оштетен смее да го поправи само овластената
сервисна служба за електрични апарати на Bosch.
Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете
го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста
на електричниот апарат.
 Добро чувајте го неискористениот електричен
апарат. Местото на складирање мора да биде суво и
затворено. Ова го спречува оштетувањето на
електричниот уред за време на складирањето или тој да
биде ракуван од страна на неискусни лица.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Bosch Power Tools
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Електричниот апарат не го користете доколку
кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот
кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку
кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен
удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење со брусни плочи,
додека работи електричниот уред.
Доколку дојдете во контакт со
брусната плоча за сечење, постои
опасност од повреда.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Носете заштитни очила.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни ракавици.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како фиксиран уред, е наменет за
изведување на агли со косо сечење 45° со помош на
Македонски | 159
1 609 92A 34D | (6.9.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières