Bosch GCM 12 JL Professional Notice Originale page 304

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 12 JL Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 38
OBJ_BUCH-1600-005.book Page 304 Friday, December 16, 2016 9:23 AM
304 | Македонски
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слики B1–B2)
За едноставно собирање на струготините користете ја
испорачаната вреќичка за прав 1.
 Проверете ја и исчистете ја вреќичката за прав по
секоја употреба.
 За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
алуминиум, извадете ја вреќичката за прав.
– Прикачете ја кесата за прав 1 на исфрлувачот на
струготини 46.
или при ограничени просторни услови:
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување 2 на
исфрлувачот на струготини 46, а потоа вреќичката за
прав 1 на адаптерот за вшмукување 2.
1 609 92A 348 | (16.12.16)
За време на сечењето, вреќичката за прав и адаптерот за
вшмукување никогаш не треба да дојдат во допир со
подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување исто така може да приклучите црево за
вшмукување на исфрлувачот на струготини 46 или на
адаптерот за вшмукување 2.
– Прицврстете го цревото за вшмукување на
исфрлувачот на струготини 46 или на адаптерот за
вшмукување 2.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канце-
рогени или суви честички прав, користете специјален
вшмукувач.
Менување на листови за пилата
(види слики C1–C4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Притиснете на лостот 22 и навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 нагоре до крај.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 48 (околу
4 вртења) со инбус клуч (4 mm) 17.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
– Повлечете ги осцилаторната заштитна хауба 5 и
покривната плоча 36 целосно наназад, додека
осцилаторната заштитна хауба не се задржи од капакот
за заштита на ласерот 35.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 49
со инбус клуч (6 mm) 17 и истовремено притиснете ја
блокадата на вретеното 21, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 21 и
одвртете го шрафот 49 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 50.
– Извадете го листот за пилата 37.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières