AEG BPS18-254BL Notice Originale page 167

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 41
Исклучете ја пилата од струја или извадете ја батеријата пред
да ги менувате ножевите или да вршите сервисирање.
Обрнете внимание на пакувањето и распакувањето на ножот,
лесно можете да се повредите од острите запци на ножот.
Користете држат за ножот или носете ракавици кога ракувате
со ножот на пилата.
Ножот чувајте го во оригиналната амбалажа или во друго
соодветно пакување, чувајте го на суво и подалеку од
хемикалии кои можат да му наштетат на ножот.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА ЛАСЕРСКИ
Ласерското зрачење кое се користи во оваа пила е од Класа 1 со
максимум <1 mW и 650 nm бранова должина. Немојте да гледате
директно во оптичките инструменти. Непочитувањето на овие
правила може да доведе до сериозни повреди.
Немојте да зјапате во зракот во текот на работењето.
Немојте да им го проектирате ласерскиот зрак директно во очите
на другите. Може да дојде до сериозна повреда на очите.
Ласерот немојте да го ставате во положба која може да наведе
некого несакајќи или несвесно да гледа во ласерскиот зрак.
Немојте да користите оптички алатки за да гледате во ласерскиот
зрак.
Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца или,
пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.
Немојте да се обидувате самите да го поправате ласерскиот уред.
Немојте да се обидувате самите да менувате било какви делови
од ласерот.
Било кои поправки мора да ги прави само производителот или
овластен сервисен агент.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ги променувајте инсталираната ласер
со различен тип.
Не го насочувајте ласерот кон рефлектирачки површини.
Избегнувајте изложување на ласерски зрак. Ласерот може да
емитира силно зрачење.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Кружната лизгачка пила е наменета за сечење на тврдо
и пресувано дрво со или без лепен фурнир, пластика и
материјали слични на дрво.
Кружната лизгачка пила е наменета да ја користат само
возрасни оператори кои го прочитале прирачникот за
користење и ги разбрале ризиците и опасностите.
Кружната лизгачка пила е наменета со основата да биде
прицврстена за цврста работна маса. Доколку основата не е
безбедно прицврстена, целата машина може да се движи за
време операциите за сечење, кое ја зголемува веројатноста од
сериозна повреда.
Кружната лизгачка пила е наменета да прави коси и аголни
сечења. Капацитетите за различни сечења се дадени во
спецификациите на производот во овој прирачник.
Кружната лизгачка пила треба да се користи во суви услови, со
одлично осветление и адекатна вентилација.
Кружната лизгачка пила е наменета за потрошувачи и треба да
се користи само во склад со гореопишаното, и не е наменета за
никаква друга цел.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и кога кружната лизгачка пила се користи како што е
пропишано, сè уште не е можно целосно да се елиминираат
извесни преостанати фактори на ризик. Може да се појават
следните ризици и операторот треба да обрне посебно
внимание да го избегне следното:
• Ризикот од контакт со непокриени делови на ротирачкиот
нож на пилата.
• Повратен удар на обработуваните парчиња или делови oд
обработуваните парчиња поради неисправно штелување
или ракување.
• Исфрлање на запци од тврд метал од ножот на пилата. Во
секое време носете заштита за очите.
• Оштетување на респираторниот систем. Носете маска за
заштита на респираторниот систем, која содржи филтери
соодветни на материјалите кои се обработуваат. Погрижете
се да има адекватна вентилација на работното место.
Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот
простор.
• Оштетување на слухот доколку не се носи заштита за ушите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Правот од некои бои, премази и
материјали може да предизвика иритација или алергиски
реакции. Правот од дрво како на пр. од даб, бука, MDF, и други
се карциногени. Со мaтеријалите кои содржат азбест треба да
работат само квалификувани специјалисти оператори.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од долготрајната употреба на алатката
може да дојде или да се влошат повредите. Кога користите
некола алатка подолго време, погрижете се да користите
редовни паузи.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Македонски
163
Mak

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières