Bosch GPB Professional GPB 18V-5 C Notice Originale page 177

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
се прикажува во горниот дел од мултифункционалниот
приказ (k). Во долниот дел се прикажува пренесениот
текст од поврзаниот уред.
Ако не може да се воспостави врска во рок од 2 min.,
воспоставувањето на врската се прекинува и приказот
Bluetooth® (g) трепка постојано.
GPB 18V‑5 SC: На мултифункционалниот приказ (k) се
појавува <Not connected>.
По дополнителни 17 min. без воспоставување на врската,
радиото се исклучува автоматски.
Воспоставување на нова врска преку Bluetooth®:
– За да се воспостави врска со нов надворешен аудио
извор, притискајте на копчето Bluetooth® (21) подолго
од 0,5 s. Ова исто така е можно за време на процесот
на пребарување, при постојна врска или при
работење со друг аудио извор.
– Радиото го стартува процесот на пребарување. За
време на процесот на пребарување трепка приказот
Bluetooth® (g).
– Активирајте ја врската преку надворешен аудио
извор. На паметните телефони тоа обично е можно во
рамките на поставките во менито Bluetooth®. Радиото
се појавува како достапен извор под името
GPB 18V‑5 C xxxx одн. GPB 18V‑5 SC xxxx. Следете го
упатството за користење на Вашиот аудио извор/
Вашиот паметен телефон.
– Веднаш штом ќе се воспостави врската преку
Bluetooth®, постојано свети приказот Bluetooth® (g).
Аудио изворот поврзан преку Bluetooth® може да се
управува и преку радиото:
– За да изберете наслов и да го стартувате,
притискајте го кратко копчето за пребарување
нанапред (19) одн. копчето за пребарување
наназад (13) додека не стигнете до саканиот наслов.
Репродукцијата на избраниот наслов автоматски
стартува.
– За да ја прекинете репродукцијата, притиснете го
копчето Mute (12). На екранот се појавува приказот
Исклучување на звукот (f).
– За да продолжите со репродукцијата, повторно
притиснете го копчето Mute (12), променете ја
гласноста преку копчето за пребарување
нанапред (19) одн. копчето за пребарување
наназад (13).
– За премотување напред одн. назад во рамки на
еден наслов држете го притиснато копчето за
пребарување нанапред (19) одн. копчето за
пребарување наназад (13) додека не стигнете до
саканото место во насловот.
Ако за време на работењето преку Bluetooth® се
притисне едно од копчињата за зачувување на
програмата (17), тогаш радиото менува на станицата
зачувана во последно користениот режим на работа на
радиото.
Bosch Power Tools
Поставување на приказ на време (GPB 18V‑5 C)
За да го отворите приказот за време во менито, кратко
притиснете на копчето Clock (14).
Можете да избирате помеѓу временските формати
12 часа <12H> и 24 часа <24H>, како и да поставувате
часови и минути.
Навигирајте во менито:
– Менување на поставки во менито: Вртете го копчето
Clock (14).
– Зачувување на поставки во менито: Притиснете го
копчето Clock.
– По зачувување на поставката за минути одн. 10 s по
последното притискање на копчето Clock радиото
менува се враќа на автоматски режим.
Ако времето на радиото веќе не се зачувува, заменете ги
резервните батерии.
Функција Reset (GPB 18V‑5 C)
За да ги ресетирате сите поставки на радиото на
фабрички поставки (Reset), притиснете го копчето
Clock (14) подолго од 0,5 s. На екранот се
појавува <RS>.
Вртете го копчето Clock (14), за да изберете меѓу
ресетирање <YES> и враќање на актуелните
поставки <NO>. Потврдете го изборот со притискање на
копчето Clock.
Менување на поставките на менито (GPB 18V‑5 SC)
За да ја отворите функцијата на менито, притиснете на
копчето Menu (22).
Навигирајте во менито:
– Навигирање во менито: Вртете го копчето Menu (22).
– Изберете и зачувајте ја поставката на менито:
Притиснете го копчето Menu (22).
– Сменете во подмени: Притиснете го копчето
Menu (22).
– Сменете од подменито назад кон повисоко мени:
Кратко притиснете го копчето за пребарување
наназад (13). Кога ќе се достигне горното ниво на
менито, радиото се враќа во режимот на аудио.
За да ја напуштите функцијата на мени од саканото ниво и
да се вратите на аудио режим, притиснете го копчето за
пребарување наназад (13) подолго од 1 s. Алтернативно,
радиото автоматски менува на режимот на аудио 10 s по
последното притискање на копчето.
Ако поставките на менито повеќе не се зачувуваат при
исклучувањето на радиото, тогаш сменете ги резервните
батерии.
Опции на менито (GPB 18V‑5 SC)
Изборот на менито делумно зависи од режимот на работа
на аудио, во кој е поставено радиото.
Во рамките на менијата, името на менито се прикажува
во горната линија на мултифункционалниот приказ (k),а
поставката што можете да ја изберете во долниот дел.
<Set Time>
Мени време: можете да избирате помеѓу временските
Македонски | 177
1 609 92A 6UJ | (01.06.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gpb 18v-5 sc3 601 da4 03 601 da4 1Professional gpb 18v-5 cProfessional 18v-5 scGpb ... Afficher tout

Table des Matières