Bosch GPB Professional GPB 18V-5 C Notice Originale page 176

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 22
176 | Македонски
програма (17). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување (c).
Напомена: ако имате проблеми со приемот, можете
рачно да го започнете пребарувањето на DAB+-
станицата. За таа цел, изберете или <Auto Scan> во
менито или истовремено притиснете го копчето за
пребарување наназад (13) и копчето за пребарување
нанапред (19). По завршувањето на пребарувањето на
станици, 4 станици се зачувуваат на местата на
зачувување на програма од 1 до 4. Веќе зачуваните
станици се презапишуваат.
Ако не може да се пронајде DAB+-радиостаница, се
појавува <No DAB Station – Please Auto Scan> во
мултифункционалниот приказ (k).
Поставување/зачувување на FM-радиостаница
За избор на радио станици со аудио извор FM притискајте
го копчето Source (18) додека во приказот аудио извор
не се појави (h) FM.
GPB 18V‑5 C: За време на поставувањето радио
фреквенцијата се појавува во временскиот приказ (j), а
потоа во приказот за радиофреквенција (a).
GPB 18V‑5 SC: Фреквенцијата на репродуцраната
станица се појавува соодветно во горниот дел на
мултифункционалниот приказ (k). Кои дополнителни
информации ќе се прикажуваат во долниот дел од
мултифункционалниот приказ, може да се постави во
функцијата на менито.
При доволно јак прием на соодветен сигнал, радиото
автоматски се префрла на стерео прием, на екранот се
појавува приказот стерео прием (e).
– За поставување на одредена станица вртете го
копчето Source (18), додека не се прикаже саканата
фреквенција одн. саканата станица на екранот.
– За пребарување на следната станица со повисока
јачина на сигнал кратко притиснете го копчето за
пребарување наназад (13) или копчето за
пребарување нанапред (19). Следната пронајдена
станица се прикажува на екранот и се репродуцира.
– За пребарување на сите станици со повисока јачина
на сигнал притиснете го копчето за пребарување
наназад (13) или копчето за пребарување
нанапред (19) подолго од 0,5 s. Секоја пронајдена
станица се репродуцира за 5 s, потоа пребарувањето
се продолжува до крајот на фреквенциски опсег. За да
го прекинете пребарувањето на станици, кратко
притиснете го копчето за пребарување наназад (13)
или копчето за пребарување нанапред (19).
– За зачувување на подесена станица притиснете го
копчето за зачувување на програма (17) на саканото
место на зачувување додека не се појави бројот на
местото на зачувување во приказот место на
зачувување (c).
– За автоматско пребарување и зачувување на
станицата со најсилен сигнал истовремено притиснете
го копчето за пребарување наназад (13) и копчето за
пребарување нанапред (19). Радиото ги проверува
1 609 92A 6UJ | (01.06.2021)
сите станици со прием и зачувува 4 станици со
најдобар прием на местата на зачувување на програма
од 1 до 4. Имајте предвид, дека веќе зачуваните
станици се презапишуваат.
Ако е завршено пребарувањето, се репродуцира
зачуваната станица на местото на зачувување на
програма 1.
– За Репродукција на зачувана станица кратко
притиснете на едно од копчињата за зачувување на
програма (17). Бројот на местото на зачувување се
појавува во приказот место на зачувување (c).
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста
антена (30). За време на работењето на радиото преку
FM свртете ја антената во правецот, којшто овозможува
најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на
место со подобар прием.
Напомена: При работење на радиото во непосредна
близина на радио инсталации, радио уреди или други
електронски уреди може да дојде до попречување на
радио приемот.
Приклучување на надворешни аудио извори преку
AUX
Отворете ја рачката за заклучување (8) и отворете го
капакот (7) на преградата за медиумски датотеки.
Вметнете го 3,5 mm конекторот на AUX кабелот (9)
во AUX IN-отворот (10). Приклучете го AUX кабелот на
аудио извор кој одговара.
За репродукција на AUX аудио изворот притискајте го
копчето Source (18) додека во приказот аудио извор (h)
не се појави AUX.
За заштита од нечистотии повторно затворете го
капакот (7) на преградата за медиумски датотеки и
заклучете го ако го отстранувате приклучокот на AUX
кабелот.
При соодветна големина можете аудио изворот
приклучен преку AUX да го чувате и во фиоката за
складирање (6).
Ако за време на работењето на AUX притиснете едно од
копчињата за зачувување на програмата (17), тогаш
радиото менува на станицата зачувана во последно
користениот режим на работа на радиото.
Репродукција/управување на надворешни аудио
извори преку Bluetooth®
За репродукција на аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку Bluetooth®, или притискајте го копчето
Source (18) додека не се појави приказот Bluetooth® (g)
на екранот или независно од актуелниот аудио извор
кратко притиснете го копчето Bluetooth® (21).
Ако радиото е веќе поврзано со надворешен аудио извор
преку Bluetooth® и ако овој аудио извор е достапен,
тогаш автоматски се воспоставува врска со овој аудио
извор. Веднаш штом ќе се воспостави врската, постојано
свети приказот Bluetooth® (g).
GPB 18V‑5 SC: Името на уредот поврзан преку Bluetooth®
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gpb 18v-5 sc3 601 da4 03 601 da4 1Professional gpb 18v-5 cProfessional 18v-5 scGpb ... Afficher tout

Table des Matières