Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GRO 12V-35 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GRO 12V-35 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2916-001.book Page 175 Tuesday, July 12, 2016 1:56 PM
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со
жичани четки
 Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената
употреба на жичаните четки, може да се изгубат
делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците
со висок притисок на површината. Деловите од
жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека
и/или во кожата.
 Пред употребата, оставете ги четките најмалку една
минута во работна брзина. Внимавајте на тоа, во
овој период да нема други лица во иста линија со
четката. За време на овој период може да излетаат
олабавени жици.
 Ротирачката жичана четка насочувајте ја надвор од
себе. При работа со овие четки може да одлетаат мали
честички и минијатурни парчиња жица и да навлезат во
кожата.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
Bosch Power Tools
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на метални и
камени материјали како и за брусење, брусење со брусна
хартија и полирање на метални и лакирани површини без
употреба на вода. Понатаму, електричниот апарат со
соодветна опрема е погоден за дупчење во дрво, мек
метал, пластика и лесни градежни материјали.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Брусна плоча за сечење
2 Клин за придржување
3 Брусни тела*
4 Лампа „PowerLight"
5 Блокада за вретеното
6 Прекинувач за вклучување/исклучување
7 Регулатор на број на вртежи
8 Приказ за наполнетоста на батеријата
9 Батерија
10 Стрелка за правец на вртење на брусното вретено
11 Капак за заштита од прав (за вршење прецизни
работи)
12 Стезна навртка
13 Прифат за алат на затезната чаура
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
15 Точни димензии на вратилото L
16 Копче за отклучување на батеријата
Македонски | 175
0
1 609 92A 3B4 | (12.7.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières