Опис На Производот И Перформансите; Употреба Со Соодветна Намена; Илустрација На Компоненти - Bosch GOP Professional 30-28 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GOP Professional 30-28:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
206 | Македонски
Користете го електричниот алат само за суво
u
брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
алат го зголемува ризикот од електричен удар.
Внимание опасност од пожар! Избегнувајте
u
прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав. Правта од
брусењето во торбата за прав, микро честичките,
хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на
вшмукувачот за прав) може да се запали при
неповолни услови, како на пр. летање на искри при
брусење на метали. Особена опасност постои, доколку
правта од брусењето се измеша со остатоци од лак,
полиуретан или други хемиски материјали и доколку
парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
работа.
Држете ги рацете подалеку од делот каде што се
u
сече. Не фаќајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила
постои опасност од повреда.
Редовно чистете ги отворите за проветрување на
u
вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрични опасности.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
u
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен
удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки
предизвикува оштетување и може да предизвика
електричен удар.
При работата, држете го електричниот алат цврсто
u
со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со
електричниот алат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
При менувањето на алатот што се вметнува носете
u
заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се
вжештува по долготрајна употреба.
Не стругајте навлажнети материјали (на пр. тапети)
u
и не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на
вода во електричниот алат го зголемува ризикот од
електричен удар.
Површината што треба да ја обработите не ја
u
третирајте со течности што содржат раствор. При
стругањето доаѓа до затоплување на материјалите и
може да се создадат отровни испарувања.
Бидете особено внимателни при користењето на
u
стругачот и секачот. Алатките се многу остри, постои
опасност од повреда.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку
u
го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто
отколку со Вашата рака.
1 609 92A 49C | (11.06.2018)
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни напомени
и упатства. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење и разделување на
дрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и
елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт
иглици). Исто така е погоден за обработка на меки ѕидни
плочки како и за суво брусење и стругање на мали
површини. Тој особено е погоден за работење близу
рабови и на рамни површини. Електричниот алат треба
да се обработува исклучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за вклучување/исклучување
(2) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
осцилации
(3) Отвори за вентилација
(4) Прифат на алатот
(5) Лист за сечење со вдлабнување
(6) Затезна завртка (GOP 30‑28)
(7) Клуч со внатрешна шестаголна глава (GOP 30‑28)
(8) Всисувач за прав
A)
(9) Брусна плоча
A)
(10) Брусен лист
A)
(11) Рачка (изолирана површина на рачката)
(12) SDS-рачка за отклучување на алатот (GOP 40‑30/
GOP 55‑36)
(13) Работна светилка (GOP 40‑30)
(14) Затегнувачка рачка за граничникот за длабочина
(15) Граничник за длабочина
(16) Затегнувачка рачка за всисувачот за прав
(17) Млазници за всисување
A)
(18) Адаптер за всисување
A)
(19) Црево за издувни гасови
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
A)
A)
A)
A)
A)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gop professional 40-30Gop professional 55-36

Table des Matières