Bosch GRO 12V-35 Professional Notice Originale page 174

Masquer les pouces Voir aussi pour GRO 12V-35 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
OBJ_BUCH-2916-001.book Page 174 Tuesday, July 12, 2016 1:56 PM
174 | Македонски
ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт,
и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
 Редовно чистете ги отворите за проветрување на
вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема
количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.
 Не го користете електричниот апарат во близина на
запаливи материјали. Искрите што се создаваат може
да ги запалат овие материјали.
 Не користете алати за вметнување, за кои е
потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за
разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
 Повратниот удар е ненадејна реакција како последица
на заглавен или блокиран ротирачки алат што се
вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани
четки итн. Заглавувањето или блокирањето
предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот
алат што се вметнува. Така, неконтролираниот
електричен апарат се забрзува наспроти правецот на
вртење на алатот што се вметнува на местото на
блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна
плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што
се обработува може да се закачи и така да ја скрши
брусната плоча или да предизвика повратен удар.
Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или
наспроти него, во зависност од правецот на вртење на
плочата на местото на блокирање. Притоа брусните
плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни
прописни мерки, како што е опишано подолу.
 Држете го цврсто електричниот апарат со двете
дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе
може да ја издржите повратната сила. Со
преземањето на потребните мерки корисникот може да
ја совлада силата од повратен удар.
 Особено внимателно работете во подрачјето со
агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите
алатот што се вметнува да се одбие од делот што се
обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се
вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од
аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење
на контролата или повратен удар.
 Не користете назабени листови за пила. Таквите
алати за вметнување честопати предизвикуваат
повратен удар или губење на контролата над
електричниот апарат.
 Алатот за вметнување водете го секогаш по истиот
правец во материјалот, при што работ на сечење
минува низ материјалот (истиот правец во кој се
исфрлаат струготините). Доколку го водите
електричниот апарат во погрешен правец, може да се
случи алатот за вметнување да излезе од делот што се
1 609 92A 3B4 | (12.7.16)
обработува, при што електричниот апарат ќе се
повлече во овој правец на поместување.
 Секогаш затегнувајте го делот што се обработува
доколку користите брусни плочи за сечење. При
мали заоблувања на рабови, овие алати за вметнување
може да се заглават во жлебот и да предизвикаат
повратен удар. Доколку брусните плочи за сечење се
заглават, вообичаено се кршат. При заглавување на
ротирачките турпии, алатите за глодање со висока
брзина или алатите за глодање од цврст метал, алатот за
вметнување може да отскокне од жлебот и да доведе до
губење на контролата над електричниот уред.
Специјални безбедносни напомени за брусење и
сечење со брусни плочи
 Користете исклучиво брусни тела одобрени за
вашиот електричен апарат и само за препорачаните
можности за примена. Пример: Не брусете со
страничната површина на брусната плоча за
сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
 За конусните и плоснати брусни клинови со навој
користете само неоштетени чивии со правилна
големина и должина, без рез на задната страна.
Употребата на соодветни чивии ја намалува можноста
за кршење.
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната
искористеност и склоност на закосување или
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или
кршење на брусното тело.
 Со рацете избегнувајте го подрачјето пред и зад
ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку
брусната плоча за сечење во делот што се обработува ја
придвижувате подалеку од вашата рака, во случај на
повратен удар, електричниот апарат со ротирачката
плоча би можел да се отфрли директно кон вас.
 Доколку се заглави или блокира брусната плоча за
сечење или Вие ја прекинете работата, исклучете го
уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде
во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување или блокирање и
преземете ги соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières