Bosch GSC 75-16 Professional Notice Originale page 92

Masquer les pouces Voir aussi pour GSC 75-16 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
OBJ_BUCH-2740-001.book Page 92 Friday, January 22, 2016 9:39 AM
92 | Македонски
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за ножици за лим
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
 Работете само со монтиран одбивач на струготини 2.
Внимавајте одбивачот на струготини да не е оштетен
или свиткан. Со работењето без одн. со оштетен
одбивач на струготини постои опасност од повреда.
Оштетениот одбивач на струготини веднаш заменете го
во овластената сервисна служба на Bosch.
 Носете заштитни ракавици за време на работата и
особено внимавајте на струјниот кабел. Внимавајте
исечените делови од лимот да не ги свиткате во
правец на телото или струјниот кабел. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку
е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот
настрана од телото одн. од струјниот кабел со заштитни
ракавици.
1 609 92A 1S7 | (22.1.16)
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Електричниот апарат не го користете доколку кабе-
лот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и
не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот
се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел
го зголемува ризикот за електричен удар.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без
губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви
резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Одбивач на струготини
3 Рачка (изолирана површина на дршката)
4 Завртка за горниот нож
5 Горен нож
6 Долен нож
7 Завртка за подесување на долниот нож
8 Завртка за долниот нож
9 клуч со внатрешна шестоаголна глава*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-8.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина
98 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières