Bosch GNA 3,5 Professional Notice Originale page 101

Masquer les pouces Voir aussi pour GNA 3,5 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-101-004.book Page 101 Wednesday, March 26, 2014 9:36 AM
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 07.03.2014
Монтажа
Дополнителна дршка
Зашрафете ја дополнителната дршка 3 по избор десно или
лево на куќиштето во навојот 6.
Со помош на држачот на рачката 2 може да ја продолжите
дополнителната дршка и дополнително да ја завртите, за
да овозможите безбедна работа без замор.
Доколку дополнителната дршка 3 е веќе монтирана, тогаш
одвртете ја од навојот 6. Цврсто зашрафете го држачот на
рачката 2 со шрафот 1 во саканиот агол на десната или
левата страна на куќиштето во навојот 6. Зашрафете ја
дополнителната дршка соодветно на десната или левата
страна во потесниот крај на држачот на рачката 2.
Доколку го прицврстите држачот на рачката лево од
куќиштето, тогаш внимавајте прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 да не биде покриен.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Поставување на долниот држач
За работа без вибрации, долниот држач 12 мора да го
подесите на соодветната дебелина на лимот.
Држете го електричниот уред, така што матрицата 14 ќе
налегне на долната страна на лимот што треба да се
обработува. Олабавете ги шрафовите 13 на долниот
држач. Поместете го долниот држач 12 со мал простор за
маневрација (околу 0,3 мм) на лимот. Внимавате долниот
држач да се поместува рамно и да не се навалува.
Повторно затегнете ги шрафовите 13.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 5 притиснете го прекинувачот
нанапред.
За исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 5. Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување е фиксиран,
притиснете наназад на прекинувачот и потоа отпуштете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
 Носете заштитни ракавици за време на работата и
особено внимавајте на струјниот кабел. На исече-
ните лимови се создаваат остри рабови, на кои може да
се повредите или да го оштетите струјниот кабел.
 Внимавајте на струготините настанати од сечењето.
Струготините имаат остри врвови, на кои може да се
повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го
електричниот апарат вертикално на површината на лимот
и не го навалувајте.
Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне
малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави
втиснувачот, исклучете го електричниот апарат,
подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не
употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат
втиснувачот и матрицата.
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d
од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина, право и без деформација:
Материјал
макс. цврстина
2
[N/mm
Челик
400
600
800
Алуминиум
200
Македонски | 101
зависи
max
d
max
]
[мм]
3,5
2,4
1,6
4,0
3 609 929 C97 | (26.3.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières