Bosch GNF 20 CA Professional Notice Originale page 197

Masquer les pouces Voir aussi pour GNF 20 CA Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-126-002.book Page 197 Wednesday, February 19, 2014 1:49 PM
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го
електричниот апарат неоптоварен на највисок број на
вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Заштита од рестартирање (GNF 35 CA)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 ставете го во положба Исклучено и
одново вклучете го електричниот апарат.
Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на
заштитата од рестартирање, при што за време на работата
ќе го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ќе
го приклучите.
Совети при работењето
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење на суви материјали.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и
маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за
сечење.
– Подесете ја длабочината на сечење, видете го делот
„Претходно бирање на длабочината на резот". За да се
поправат грешките, коишто настануваат при кршење на
сегментите, длабочината на сечење мора претходно да
се избере за 3 мм подлабоко од саканата длабочина на
жлебот.
– Поставете го електричниот апарат со лизгачките
валјаци 7 на површината којашто треба да се обработи.
Единицата за вдлабнување мора да биде подигната во
најгорната позиција.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го копчето за отклучување 3 нагоре, за да ја
отклучите единицата за глодање. Полека вдлабнете со
единицата за глодање во материјалот.
– Водете го електричниот апарат со двете дршки и со
умерен притисок по материјалот што се обработува.
– Електричниот апарат секогаш мора да се води во
спротивен правец на движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне од резот. Водете го
електричниот апарат во правец на стрелката 8.
– Електричниот апарат може и да го туркате и да го
влечете во правец на сечењето. Вертикалните процепи
може лесно да се добијат со повлекување од горе
надолу.
Bosch Power Tools
Македонски | 197
– По завршување на работниот процес подигнете ја
единицата за глодање од жлебот, за време на работата,
додека единицата за глодање не се вклопи во најгорна
позиција.
– Исклучете го електричниот апарат.
Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со
страничен притисок.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
22
Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со
алатот за отстранување на сегменти 22.
Криволиниското сечење не е возможно, бидејќи
дијамантските брусни плочи за сечење може да се
заглават во делот што се обработува.
При сечење на плочести материјали, истите мора да се
потпрат или постават на цврста подлога.
При изведување на сегменти во ѕид на пр. со електро-
пневматски чекани за дупчење може да го спречите
лупењето на материјалот на површината, доколку
претходно направите жлеб со максимална длабочина на
сечење со глодалката за жлебови во ѕид.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
3 609 929 C89 | (19.2.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gnf 35 ca professional

Table des Matières