Bosch EasyDrill 1200 Notice Originale page 140

Masquer les pouces Voir aussi pour EasyDrill 1200:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
140 | Македонски
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Вадење на батеријата (види слика A)
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие полначи се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (9) притиснете на копчето за
отклучување (8) и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Промена на алат (види слика B)
Држете ја цврсто задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја
предната чаура (2) во правец на вртење ❶, додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
1 609 92A 6DH | (26.05.2021)
Цврсто држете ја задната чаура (3) на
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и рачно
затегнете ја предната чаура (2) во правец на вртење ➋.
Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја
свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го
извадите алатот.
Менување на главата за дупчење
Вадење на сигурносната завртка (види слика C)
Брзозатегнувачката глава за дупчење (1) е заштитена од
невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со
сигурносната завртка (16). Отворете ја целосно
брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и одвртете ја
сигурносната завртка (16) во правец на вртење ❶.
Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика D)
Клучот со внатрешна шестаголна глава (17) со краток
крак зацврстете го во брзозатегнувачката глава за
дупчење (1).
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот
алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (17) во
правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со
внатрешна шестаголна глава (17) се олабавува цврсто
вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете
го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете
ја истата.
Монтирање на главата за дупчење (види слика E)
Монтажата на брзозатегнувачката глава за дупчење ќе ја
извршите по обратен редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од околу 1,5–2,0 Nm.
Завртете ја сигурносната завртка (16) во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
брзозатегнувачка глава за дупчење (1). Секогаш
користете нова сигурносна завртка, бидејќи на нејзиниот
навој има нанесено сигурносна леплива маса, која при
повеќекратна употреба не делува повеќе.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières