Bosch EXACT ION 6-1500 WK Notice Originale page 184

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
184 | Македонски
– Притиснете го сигурносниот прстен (19) со клешти за
сигурносен прстен наназад на телото на куќиштето.
Двете половини на телото на LED-држачот (17), кои го
опфаќаат работното светло (6), сега може да се постават
во која било сакана позиција.
– Внимавајте на тоа, да не го оштетите кабелот на
работното светло и вметнете го, без да го виткате, во
предвидената шуплина (20) во телото на куќиштето.
– Повторно опфатете го работното светло (6) со двете
тела на куќиштето на LED-држачот (17).
– Повторно притиснете го назад сигурносниот прстен
(19) и прстенот за обележување (18) во првобитната
позиција.
Конфигурација на електричниот алат
Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator на
електричниот алат може да се конфигурираат различни
поставки (на пр. број на вртежи, степени на одвртување,
заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат
мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC.
Напомена: Притоа внимавајте на сите безбедносни
напомени и инструкции во упатството за употреба на
софтверот.
Монтирање на аголната глава на одвртувачот
(види слика D)
Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи
најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на
одвртувачот (види „Технички податоци", Страница 181).
– Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч
(22) на површината на клучот (4) на прирабницата на
аголната глава.
Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на
u
телото на куќиштето.
– Поставете ја аголната глава на одвртувачот (3) во
саканата позиција на прирабницата и со вилушкастиот
клуч (21) цврсто завртете ја преклопната навртка на
површината на клучот (5).
Притоа, со вилушкастиот клуч (22) држете наспроти
прирабницата на аголната глава.
Подесување на аголната глава на одвртувачот
Аголната глава на одвртувачот (3) може да ја подесите во
вкупно осум позиции.
– Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч
(22) на површината на клучот (4) на прирабницата на
аголната глава.
Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на
u
телото на куќиштето.
– Со вилушкаст клуч (21) олабавете ја преклопната
навртка на површината на клучот (5). Поставете ја
аголната глава на одвртувачот (3) за околу 45° во
саканата позиција, и со вилушкастиот клуч (21)
повторно затегнете ја преклопната навртка на
површината на клучот (5).
Притоа, со вилушкастиот клуч (22) држете наспроти
прирабницата на аголната глава.
1 609 92A 4R2 | (21.02.2019)
Замена на алатот кај завртка со надворешна
четириаголна глава (види слика E)
Ставање на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната
глава на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал
одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
Вадење на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот
што се вметнува (1) и извлечете го алатот за
вметнување од прифатот за алат (2).
Замена на алатот кај завртка со внатрешна
четириаголна глава (види слика F)
Ставање на алатот за вметнување
– Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната
шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не
се вклопи.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за
прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.
Замена на алатот кај завртка со
брзозатегнувачка глава (види слика G)
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголна глава).
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (23)
нанапред.
– Ставете во алатот за вметнување (1) во прифатот за
алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (23)
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за
алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
глава.
Употреба
Ставање во употреба
Доколку сакате да го стартувате електричниот алат,
најпрво треба да го подесите правецот на вртење со
прекинувачот за правец на вртење (9):
Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за
правец на вртење (9) не стои во средината (блокада при
вклучување).
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières