Electrolux EIS824 Notice D'utilisation page 123

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 64
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење.
Садот за готвење со дијаметар којшто
е помал од минималниот добива само
дел од енергијата којашто ја испушта
ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
контролната плоча или ненамерно да
ги вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички
податоци".
6.2 Звуци во текот на работата
Ако слушате:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите
ринглата на голема јачина и садовите
за готвење се направени од различни
материјали (сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
6.3 Помош и совети за SenseBoil®
Функцијата работи најдобро за вриење на
вода и за подготовка на компири.
Не работи со леано железо и
со нелеплив сад за готвење,
на пр. со сад со керамичка
обвивка. За постигнување на
најдобри резултати при
варење компири се
препорачуваат емајлирани
садови од челик.
Проверете дали тенџерето е соодветно за
SenseBoil® со следење на првото
готвење.
За да ја користите SenseBoil® правилно
следете го советот даден подолу:
• Наполнете го тенџерето помеѓу пола и
три - четвртини со ладна вода од
чешма оставајќи го празно 4 cm од
ивицата. Не користете помалку од 1
или повеќе од 5 литри вода. Вкупната
тежина на водата (или на водата и
компирите) варира меѓу 1-5 kg.
• Ако сакате да готвите компири,
проверете дали се целосно покриени
со вода, но запомнете да оставете
барем една четвртина од тенџерето
празно.
• За да постигнете најдобри резултати
гответе само цели, неизлупени, средни
компири.
• Погрижете се да не ги ставите
компирите збиени еднододруго.
• Избегнувајте правење на надворешни
вибрирања (на пр. користење на
блендер или ставање на мобилен
телефон до апаратот) кога функцијата
работи.
• Ако сакате да користите сол, додадете
ја откако водата ја достигне точката на
вриење.
• Оваа функија може да не работи
правилно за електрини бокали и
апарати за правење на еспресо.
6.4 Öko Timer (Еколошки тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се огласи
програматорот за одбројување. Разликата
во времето на работа зависи од нивото на
поставената топлина и должината на
готвењето.
МАКЕДОНСКИ
123

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières