Опис На Производот И Перформансите - Bosch GTC 600 C Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 26
240 | Македонски
температури да се прикажуваат во боја што е
поврзана со ниски температури. Контакт со таква
површина може да доведе до изгореници.
Точни мерења на температурата се можни доколку
u
степенот на емисија и степенот на емисија на
објектот се совпаѓаат. Објектите може да бидат
прикажани при превисока или прениска температура,
што може да доведе до опасност при контакти.
Не го насочувајте мерниот уред директно кон
u
сонцето или на CO₂-ласер со високи перформанси.
Ова може да доведе до оштетување на детекторот.
Не го поставувајте мерниот уред на батеријата.
u
Лесно може да се преврти. Со паѓањето може да дојде
до повреди.
Не го принесувајте магнетот во близина на
импланти или други медицински уреди, на
пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја
наруши функцијата на имплантите или
медицинските уреди.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетни
u
носачи на податоци и уреди чувствителни на
магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде
до неповратно губење на податоците.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
u
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Опис на производот и
перформансите
Отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот
уред и држете ја отворена додека го читате упатството за
употреба
Употреба со соодветна намена
Оваа термална камера е наменета за бесконтактно
мерење на површински температури.
Прикажаната термална слика ја прикажува
распределбата на температурата на видливото поле на
термалната камера и со тоа овозможува температурните
отстапувања да бидат прикажани во различни бои.
На тој начин, со прописна употреба, може да се
пребаруваат температурни разлики одн. абнормалности
на површини и објекти, за да се направат видливи
компоненти и/или слаби точки, м.д.:
– топлинска и обична изолација (на пр. наоѓање на
топлински мостови),
– активни цевки за греење и топла вода (на пр. подно
греење) во подови и ѕидови,
– прегреани електрични компоненти (на пр.
осигурувачи или терминали),
– дефектни или оштетени машински делови (на пр.
прегревање поради неисправни топчести лежишта).
Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на
гасови.
1 609 92A 4UF | (14.01.2021)
Мерниот уред не смее да се користи за човечки
медицински цели.
Информирајте се во однос на ветеринарна употреба на
www.bosch-professional.com/thermal.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и
надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Заштитно капаче за визуелна камера и
инфрацрвен сензор
(2) Држач за копчести батерии
(3) Сериски број
(4) Држач за копчести батерии на завртка
(5) Поклопец за USB-порта
a)
(6) USB Type-C®-порта
(7) Копче со стрелка горе
(8) Копче Мерни функции Func
(9) Промена на автоматски фиксирана температурна
скала/функциско копче десно
(10) Копче со стрелка десно
(11) Копче за вклучување-исклучување
(12) Копче со стрелка долу
(13) Копче Зачувај
(14) Копче со стрелка лево
(15) Микрофон
(16) Копче Галерија/Функциско копче лево
(17) Екран
(18) Звучник
(19) Преграда за батеријата
(20) Копче за отклучување на батерија
b)
(21) Батерија
(22) Копче за мерење Пауза/Старт
(23) Инфрацрвен сензор
(24) Визуелна камера
(25) USB Type-C®-кабел
a) USB Type‑C® и USB‑C® се трговски ознаки за USB
Implementers Forum.
b) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Елементи за приказ
(a) Приказ Време/Датум
(b) Приказ Просечна температура
(c) Приказ за рефлектирачка температура
(d) Приказ Степен на емисија
(e) Приказ Вклучување/исклучување на WiFi
(f) Приказ на состојбата на наполнетост
(g) Приказ за максимална температура на површината
на мерното подрачје
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières